Македонија
Пендаровски: Македонската Влада поддржува заемно прифатливо решение меѓу Белград и Приштина
Првиот косовско-македонски безбедносен форум на тема „Зајакнување на безбедноста преку соработка помеѓу Косово и Македонија“ почна денеска на Универзитетот ААБ во Приштина, а ќе трае два дена.
На отворањето на форумот говореа универзитетскиот професор Стево Пендаровски, национален координатор на Република Македонија за членство во НАТО, Агим Нухиу, заменик-министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Бесник Тахири, координатор за безбедносни реформи на Косово, деканот на Факултетот за безбедност -Скопје, Никола Дујовски, претставници на Фондацијата „Конрад Аденуаер“,Универзитетот ААБ, како и претставници од академската заедница и безбедносните институции на Република Македонија и Република Косово.
Во врска со дијалогот меѓу Белград и Приштина, Пендаровски нагласи дека сите луѓе со добра волја во регионот и пошироко сигурно ќе го поддржат решавањето на преостанатиот спор меѓу Приштина и Белград, кој на крајот ќе придонесе за неповратната пацификација на регионот. Сепак, додаде тој, посакуваниот исход нема да биде возможен ако применетите методи се земени од архивите од 19 и 20 век.
„Морам да бидам отворен со вас – да се надеваме дека размената на населението и промената на постојните граници на Балканот нема да го дестабилизираат регионот, што не е во допир со реалноста“, рече Пендаровски. Воед0но, меѓу другото, додаде дека само два примера се доволни за потсетување.
„Прво, сите треба да бидеме свесни колку е тежок процесот на донесување на законот за демаркација на границата меѓу Косово и Црна Гора. Второ, во Македонија сè уште имаме горчливи спомени кога се сеќаваме на сите тешкотии низ кои се обидовме унилатерално да ја демаркираме границата со Косово. Ни требаше речиси една деценија да успееме и тоа се случи само откако сите релевантни фактори беа вклучени во постапката на теренот“, рече Пендаровски.
Тој нагласи дека позицијата на македонската Влада е дека поддржува заемно прифатливо решение меѓу Белград и Приштина, но само решение со потенцијал да придонесе кон регионалната стабилност.
„Да речеме со други зборови: нашата заедничка цел треба да биде: да се реши еден проблем, но истовремено да не се создаваат неколку други“, рече Пендаровски.
Теми на форумот се: реформи во безбедносниот систем, заканите од тероризам и странски борци, како и нивната ресоцијализација и безбедносната дилема и промените на границите за создавање етнички чисти држави или управување со малцинските права. Форумот е во организација на Факултетот за безбедност – Скопје, Фондацијата „Конрад Аденауер“ за Косово и Универзитетот ААБ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: СДСМ ќе го поддржи Лимани за градоначалник на Гостивар
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со членството во Гостивар информираше дека по разговорите е постигнат заеднички договор СДСМ да даде поддршка за кандидатот Валбон Лимани за градоначалник на Гостивар од опозициската Алијанса за Албанците.
„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, порача Филипче, додавајќи дека изборниот циклус ќе биде јасен индикатор за опозициското расположение во Гостивар.
Филипче додаде дека партијата има сериозни шанси да биде дел од идната локалната власт, со цел да обезбеди реална поддршка за сите граѓани на Гостивар.
Филипче посочи дека притисоците и злоупотребите во изборниот процес се реален проблем и дека токму тоа е една од причините СДСМ да не прифати укинување на техничката (Пржинска) влада.
Македонија
Штетите од поплавите сѐ уште се санираат, ЦУК објави најнови информации
Центарот за управување со кризи објави најнови податоци за состојбата по обилните врнежи од дожд.
Пелагониски регион
Битола
Во населбата Стрчин интервенира ЈКП „Нискоградба“ со една машина за расчистување на улиците од чакал и земја.
Во селото Жабени, ЈП „Водостопанство“ интервенира со механизација на коритото на Жабјанска река.
Во подрачјето на Елешка река се евидентирани поплавени земјоделски површини, а нивото на водата е во опаѓање.
Ресен
Ангажирани се служби на Општина Ресен, ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта и ЈКП „Пролетер“ – Ресен, кои вршат обиколка и санација на поплавените подрачја. Состојбата е стабилизирана.
Крушево
ЈП Комуналец, ТППЕ Крушево, општинските служби и надлежните институции интервенираат на зајакнување на насипите кај критичните точки и го следат водостојот на Црна Река.
Демир Хисар
Надлежните општински служби го затворија локалниот пат кон село Мренога поради оштетен мост.
Долнени
Градежна механизација интервенира во селата Лажани и Пешталево на расчистување на одводните канали.
Југозападен регион
Охрид
ТППЕ Охрид и комуналните служби вршат испумпување на водата од поплавените подруми.
Општинските служби, Црвен крст, Итна медицинска помош и полицијата се ангажирани во згрижување и обезбедување на евакуираните лица во спортската сала „Христо Узунов“.
Скопски регион
Скопје – Зелениково
Општинските служби ја следат состојбата на реката Вардар и критичните точки.
Полошки регион
Тетово / Желино
СВР Тетово го забрани сообраќајот на патот кон месноста Бањиче.
Во село Стримница (Општина Желино) е испратена механизација за интервенција по излевањето на реката Вардар.
Источен регион
Кочани
ЈП „Водостопанство – Брегалница“ интервенира со багер-гасеничар на Оризарска река кај село Грдовци.
Кратово
Општинските и комуналните служби ја следат состојбата на реките, без потреба од интервенции.
Југоисточен регион
Струмица
Нема интервенции – состојбата е стабилна.
Североисточен регион
Куманово и регион
ЈП „Комуналец“ интервенира во селата Трново, Огут, Нерав и Калин Камен со чистење на снег и посипување на патиштата.
Во селото Тлминци е извршена интервенција на цевковод по барање на жител.
Македонија
СДСМ: ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски?
ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски? Сателит-партијата на ВМРО експресно се јавува да го брани шефот Мицкоски, реагираат од СДСМ, на соопштението на Движењето ЗНАМ.
„По предавството на Македонија со потпишување и изгласување на Резолуцијата што личеше на Хитлеров Декрет, сега имаат уште една задача, да ја укинат последната линија на одбрана на демократијата, техничката влада. Само за уште неколку тендери. Малку им се тендерите во Пошта вредни 1,2 милиони евра за нивниот советник од Кисела Вода. Им треба уште. Затоа партнерот на тендерската коалиција, ЗНАМ, најавува историски трансфер – во тендер-лигата. Квислингот Деспотовски ли им се приклучува на останатите предавници? Очигледно, и нему треба да му се намести некој тендер, да му се плати координираното делување со Геро. Идеално е сите да се соберат на едно место, за Обвинителството подоцна да нема потреба да ги брка поединечно. Како што рековме – време е житото да се одвои од плевелот. Но не само во СДСМ, туку на целата политичка сцена во Македонија. На крај, сите ќе одговарате“, пишува во реакцијата.

