Соопштенија
(Видео) Стоилковски: Власта тоне во својата бесрамна однароденост

Власта тоне во својата бесрамна однароденост. Сè уште нема никаква реакција од власта, нема одговори по тешките навреди, нема одговорност по сè оно што го кажа министерот за надворешни работи, Никола Димитров, за македонскиот народ. За Димитров македонскиот народ е искомплексиран. Па ако во македонското Собрание тој тоа го вели, како ли и дали воопшто ги брани македонските национални интереси надвор од земјава?, праша Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Нема реакција од власта ниту за Спасовски, министерот за прогон и терор, и по сите црнила на улиците и цветањето на криминалот низ државата. Нема одговорност, нема одговор ниту за кое било од барањата коишто ги упати ВМРО-ДПМНЕ до оваа власт. Мора итно да се стави крај на црнилото во коешто СДСМ на чело со аболираниот Зоран Заев ја зави Република Македонија. Ќе повторам, оваа наметната власт не води битка за благосостојбата на народот, оваа власт води битка со народот, со опозицијата, води битка за што поголемо омаловажување на народот, за економско пропаѓање на државата и граѓаните преку повисоки даноци коишто го осиромашуваат и бизнисот и работниците, оваа власт води битка со јасно изразената волја на граѓаните злоупотребувајќи ја најмоќната алатка на демократијата – референдумот“, рече Стоилковски.
Тој ги повтори барањата на коалицијата „За Подобра Македонија“, итна и неотповиклива оставка на министрите Никола Димитров и Оливер Спасовски, запирање на иницијативата од Владата за покачување на даноците во Република Македонија, продолжување на проектот за гасификација на Република Македонија и формирање независно тело кое ќе се занимава со прислушувањето на обвинители и сите судии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Герасимовски со Ксенија Николова: Центар ја има најдобрата културна сцена во Скопје

Градоначалникот и кандидат за нов мандат во Општина Центар, Горан Герасимовски, со писателката Ксенија Николова разговараа искрено и отворено за состојбите во културата, поддршката за младите талентирани автори и уметници и културниот идентитет на Општина Центар.
Се согласија дека на младите луѓе им е потребен вистински простор и соодветни услови за да ги изразат и развиваат нивните креативни идеи. Герасимовски потенцираше дека Општина Центар, како ретко која друга општина, инвестира во квалитетна културна програма и младиот креативен уметнички капацитет.
„Приоритет ни се нашите уметници и творци и затоа имаме најдобра урбана културна сцена во Скопје. Пример за тоа се муралите во Дебар Маало кои се дело на нашите стрит артисти. Концертот „Нешто што ќе остане“ ја промовира македонската музика и изведувачи. Секој настан е резултат на соработка со нашите граѓани, културни работници и здруженија и ја раскажува приказната на Општина Центар,“ истакна Герасимовски.
Пример за поддршка на младите автори е и самата Ксенија Николова, чиј роман „Зад маските“ и збирката „Секој цвет има свое име“ излегоа од печат токму со поддршка на Општина Центар.
Герасимовски најави дека во наредниот мандат двојно се зголемува буџетот за култура од 13 на 26 милиони денари, со цел да го задржи приматот во културната понуда во главниот град.
Соопштенија
(Видео) Костова побара поддршка за Шапов и советничката листа на СДСМ: Да продолжи Богданци да се развива

На вечерашниот собир во Богданци, потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова, побара поддршка за кандидатот за градоначалник Блаже Шапов и советничката листа на СДСМ и коалицијата, потенцирајќи дека „на овие чесни луѓе мора да им се даде шанса да продолжат да ја водат Општина Богданци во вистинската насока“.
„Во последните осум години Богданци е пример за успешно и одговорно управување. Под раководство на Блаже Шапов, реконструирани се улици во Богданци и Стојаково, саниран е полскиот пат во Бозелот, реконструиран мостот на Луда Мара, како и Домовите на културата. Извршена е реконструкција на водоводната мрежа, изработена е техничка документација за фекална и атмосферска канализација, а воведени се и нови современи услуги – бесплатен Wi-Fi, лична асистенција и помош во домот, документација за е-полначи и стратегија за туризам,“ нагласи Костова.
Таа посочи дека Богданци е мала, но напредна општина, токму благодарение на визијата и трудот на Шапов и тимот на СДСМ:
„Овде има ред, функционалност и транспарентност. Богданци е општина која работи за граѓаните. За разлика од тоа, општините под контрола на ДПМНЕ се заробени од партиски интереси и лични профити.“
Костова предупреди дека не смее да се дозволи општината да падне во рацете на „дпмневските злонамерници“ кои не мислат на народот:
„Ова не е време за апатија, ниту за молк. Ова е време за одлука – дали ќе го браниме домот што го градиме со децении, или ќе гледаме како се руши цигла по цигла. Апстиненцијата не е казна за СДСМ, туку награда за ДПМНЕ. Ако не гласаме, им ја препуштаме државата на тие што мислат само на себе.“
Во обраќањето, таа повика на мобилизација и заедништво пред и на 19 октомври:
„Се бориме за нашиот дом! За Богданци, за Македонија, за секоја куќа, за секоја улица и за секој човек што верува дека оваа земја може подобро. Оваа есен мораме да ја продолжиме борбата против злонамерниците, против олигархијата, против угнетувачите и институционалните паразити. Победата во Богданци ќе биде почеток на нови победи низ целата држава. Оваа есен се бориме за надеж. За нашата иднина, за нашиот дом. Богданци победува со СДСМ!“
Соопштенија
Трајчевски: Со поголема дигитализација на локалната самоуправа во Пробиштип до побрзи и поедноставени услуги за граѓаните

„Пробиштип влегува во дигиталната ера. Ќе извршиме комплетна дигитализација на услугите во општина Пробиштип и создавање на дигитална архива за сите документи и постапки. Со ова граѓаните ќе можат многу полесно и побрзо да ги завршуваат своите административни обврски, од дома без чекање на шалтер“, вели Јордан Трајчевски, кандидат за советник во Советот на општина Пробиштип од ВМРО-ДПМНЕ.
„Дигиталната архива ќе овозможи сигурно и трајно чување на сите општински документи со брз пристап до стари решенија, дозволи и планови.
Тоа значи повеќе транспарентност, поголема ефикасност и помалку хартија и трошоци.
Со овој проект општината ќе добие помодерна и поефикасна администрација, поголема доверба од граѓаните и нови можности за поврзување со државните и меѓународните е-сервиси. За тебе. За твоето место. За твојата иднина!“, изјави Јордан Трајчевски, кандидат за советник во Советот на општина Пробиштип од ВМРО-ДПМНЕ.