Македонија
Макрадули во Полска зборуваше за владиниот план против загадувањето

Предизвиците со кои Македонија се соочува во областа на климатските промени и владините мерки за чист воздух беа темите на кои се осврна заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, за време на глобалниот климатски самит во Полска.
Тој нагласи дека функцијата заменик-министер за животна средина на Македонија нуди можност, но и одговорност да креира и имплементира социјални и економски политики за заштита на животната средина со цел спречување на натамошно уништување на животната средина.
„Владата на Република Македонија усвои амбициозен план, план за чист воздух за борба против аерозагадувањето. Во однос на технологиите и мерките потребни за нас, предвидовме повеќе од 40 политички мерки, и не само од еколошки туку и од социјален и економски аспект. Покажавме со бројки дека повеќето од мерките се win-win мерки, што дава големо значење на нашата заедничка мисија и мојата лична визија. Ја споделувам оваа приказна за да ги повикам земјите со повисок придонес кон глобалните емисии да ги зголемат своите амбиции, да дејствуваат одговорно, да обезбедат алатки и финансии за останатите држави и да ја зголемат соработката кон постигнување на потранспарентно и партиципативно општество“, нагласи Макрадули.
Тој додаде дека Македонија е една од 16-те најамбициозни држави кои всушност ги исполнуваат своите обврски од Парискиот договор.
На COP 24, делегати од сите држави потписнички на Рамковната конвенција на ОН за климатски промени (UNFCCC) ја дискутираат имплементацијата на договорот од Париз, како и активностите за задржување на глобалното затоплување под 2 степени Целзиусови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Се виде кој вистински управува со СДС, тоа е Зоран Заев, а Венко Филипче е само нем послушник“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Се докажа дека Заев ја води СДС, додека Филипче е само статист во целата приказна. Иако формално Филипче има водечка улога, реалноста покажува дека сите клучни одлуки и насоки доаѓаат од Заев. Со јавувањето на Заев се гледа кој е вистинскиот лидер на СДС и кој ја има контролата врз партијата и кој ги влече конците во партијата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче и СДС, по наредба на Заев, направија резолуција со која промовираат некакви црвени линии, кои тие веќе ги имаа прегазено и поминато изминативе години, на штета на македонскиот народ.
Како што Заев земаше куферчиња од Бугарија, Филипче да одговори какви куферчиња зема тој сега за да им удоволи на Бугарите, со што ќе си направи уште еден бонбона бизнис.
А, тоа што Заев вели дека не земал куферче пари од Бугарија не значи дека таа изјава е вистинита. Самиот негов обид да се оправда пред јавноста создава сомнеж и отвора прашања за вистинитоста на неговите тврдења.
Неговата акција за потпишување на бугарскиот договор, не е резултат на политичка волја, туку на финансиски интерес.
За сопствени интереси, како што Заев ја продаде државата, така и Филипче е спремен да ги продаде македонските интереси и идентитет за едно полно куферче.
Затоа, Филипче молчи за Заев, за неговите криминали, бидејќи и тој е поврзан со истите.
ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните, нема да дозволи уште еден бонбона бизнис, со цел богатење на Заев и Филипче, а распродажба на македонскиот народ“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел и Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.20 до 12.30 часот, дел од корисниците од ул. 1 во населба Радишани. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Горно Лисиче лоцирани на потегот од Маг Комерц, А-М Стил, Феромонт Инжинеринг кон село Долно Лисиче. (општина Аеродром)
Македонија
Дел од Аеродром денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.