Македонија
Комисијата за одбрана и безбедност, во штабот на НАТО во Брисел
На покана на амбасадорот Такан Илдем, помошник на генералниот секретар од Дивизијата за јавна дипломатија, делегација од Собранието оствари работна посета во седиштето на НАТО во Брисел, Белгија.
Во составот на делегацијата беа Хари Локвенец, претседател на Комисијата за одбрана и безбедност; Фросина Ташевска Ременски, потпретседател на Собранието на Република Македонија и член на Комисијата за одбрана и безбедност; Ејуп Аљими, координаторот на пратеничката група на ДУИ и заменик-член на Комисијата за одбрана и безбедност и и пратениците Емил Димитриев, Реџеп Мемеди, Емилија Александрова и Владанка Авировиќ.
За време на работната посета делегацијата оствари значајни средби и размена на мислења со заменик-генералниот секретар на НАТО, Роуз Е. Гетемоилер, високи претставници на НАТО, амбасадорот Такан Илдем, Дивизија за јавна дипломатија; Џејмс Мекеј, Дивизија за политички прашања и безбедносна политика; Иан Бејлес, Дивизија за планирање и одбранбена политика; полковник Хуан Мартинез-Еспарза, Директорат за соработка и безбедност, како и со повеќе експерти од Германија, Норвешка и Словенија.
На средбите беше разгледан политичкиот, безбедносниот и воениот аспект на приклучувањето кон НАТО и придобивките кои Македонија ќе ги има од членството во алијансата. Се разговараше и за улогата на парламентарниот аспект и на пратениците во пристапниот процес кон забрзување на процесот и исполнување на критериумите и задачите.
За време на посетата, пратениците имаа можност да се запознаат и со политиките и начинот на работа на НАТО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

