Регион
„Жолти елеци“ и во Хрватска
Протестите на „жолтите елеци“ во Франција, кои траат подолго од еден месец, поттикнаа демонстрации и во други земји, а слични протести сега се најавени и во Хрватска.
Поттикнати од успехот на француските демонстранти, слични протести почнаа да се одржуваат и во други европски земји, како Белгија и Холандија, а вакво движење се појави и во Хрватска, пренесе „Индекс.хр“.
На „Фејсбук“ отворена е група „Жолти елеци Хрватска“, која во моментов има околу 10 000 членови. Групата е основана од вонпарламентарната партија „Слободна Хрватска“. Првите протести на хрватските „жолти елеци“ се најавени за в сабота во Загреб, Пула и Риека, со почеток во 12 часот.
Организаторите на протестите ги повикуваат да им се приклучат сите оние кои се незадоволни од социјалниот статус и состојбите во политичкиот и социјалниот живот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) „Мојот син Данило и моите браќа. Да живее Србија“ – Вучиќ објави снимка од кафанска прослава по победата на изборите
„Мојот син Данило и моите браќа. Да живее Србија“, пишува под видеото од прославата што претседателот на Србија, Александар Вучиќ, што го објави на својот Инстаграм профил.
Локалните избори во Србија се одржаа во недела во 89 градови и општини. Според првите проценки, листата на СНС има најмногу гласови во Белград, Ниш и Нови Сад.
View this post on Instagram
Претседателот на Србија и член на Српската напредна партија, Александар Вучиќ, по вчерашните локални избори и победата, оцени дека Србија влегува во нова ера и нагласи дека сега сите имаат јасен и отворен мандат за реформите и промените неопходни за српското општество.
Регион
СНС освои најмногу гласови во Белград, Нови Сад и Ниш на локалните избори во Србија
СНС освои најмногу гласови во Белград, Ниш и Нови Сад на локалните избори што се одржаа вчера во Србија во 89 градови и општини.
Според првичните проценки, во Белград, листата на СНС и СПС „Белград утре“ освоила 52,9 отсто, опозициската листа „Крени промени“ со 17,5 отсто од гласовите, додека на третото место според проценките е листата на опозицијата од поранешната коалиција Србија против насилството-„Го бираме Белград“ со 12,3 отсто. За нив е „Ние силата на народот“ со 9 отсто, и руската партија со 1,2 отсто.
Во Нови Сад, најмногу гласови освоила листата на СНС „Нови Сад утре“ – 53,1 отсто, потоа се „Обединети за слободен Нови Сад“ со 24 отсто, „Крени промени“ со 9,8 отсто гласови, „Херои“ со 3,8 отсто од гласовите и Сојузот на војводинските Унгарци со 1,2 отсто.
И во Ниш најмногу гласови освоила листата на СНС „Ниш утре“, но опозицијата тврди дека нема мнозинство за совет.
Регион
(Видео) Aвтомобил влета во публиката на трка во Осиек, има повредени
Четири лица се повредени и префрлени во Клиничкиот болнички центар Осиек, Хрватска, откако денеска на улична трка на 31. улица Осиек Стрит Рајс во нив удри автомобил.
Според првичните информации автомобилот изгубил контрола, излетал од патеката и удрил во гледачите.
Несреќата се случила веднаш по почетокот на трката.
Двајца од четворицата повредени имаат отворени скршеници на ногата, објави Јутарњи лист.
Повредените седеле во првиот ред на трибината која била поставена веднаш до патеката.
„Еден од возачите изгубил контрола над возилото и удрил во трибината, при што повредил неколку гледачи. Со брзата реакција на лекарскиот тим на сите повредени им е укажана помош и никој не е во животна опасност “, соопшти организаторот.