Македонија
Адеми потпиша декларација за соработка со Меѓународната школа за студии на холокаустот
Министерот за образование и наука, Арбер Адеми, и директорката на Меѓународната школа за студии на холокаустот при ,Yad Vashem во Јерусалем потпишаа заедничка декларација за соработка меѓу двете институци, со која се продлабочува уште понатаму билатералната соработката во областа на образованието помеѓу Македонија и Изралел.
„Цврсто верувам дека оваа заедничка декларација ќе доведе до зајакнување на билатералните врски меѓу двете институции, да се потенцира важноста на образованието за холокаустот во Република Македонија и да се обезбеди понатамошна консултација и соработка“, изјави Адеми.
Годинава одбележавме 75 години од депортацијата на 7.144 евреи од Македонија или 98% од еврејската популација, во тој период до Треблинка. На 11 март, Националниот комеморативен ден на холокаустот, како што информираше министерот, македонскиот парламент одржа посебна комеморативна седница и усвои декларација со која се нагласува постојаната определба на државата никогаш да не ги заборави жртвите на хХолокаустот. Исто така Владата на Република Македонија ја усвои работната дефиниција на анти-семитизмот.
„За таа цел, Бирото за развој на образованието, кое е институција одговорна за наставните програми на училиштата во нашата земја, објави дополнителни материјали за холокаустот. Ова се материјали подготвени од страна на IHRA, но потоа преведени на македонски јазик и споделени со сите училишта во Македонија“, истакна министерот Адеми. За да истрае сеќавањето на холокаустот, треба да ги поучуваме младите генерации, додаде тој истакнувајќи дека токму затоа остануваме посветени да продолжиме да го вклучиме образованието за холокаустот во наставните програми во јавниот образовен систем, да ги поттикнуваме активностите за обука на наставниците и да развиваме или набавиме ресурси и материјали потребни за такво образование. Затоа оваа заедничка декларација е многу важна за нас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

