Црна хроника
Момче нападнато на автобуска станица во Скопје
Момче било нападнато на автобуска станица во Скопје. Полицијата информира дека вчера во 19:50 часот во Полициската станица Бит-пазар, Б.Ш.(42) од Скопје пријавила дека два часа претходно на автобуска постојка на булевар Крсте Мисирков од страна на неколку лица бил физички нападнат нејзиниот 16-годишен син. Се работи на расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Познат идентитетот на скопјанецот кој ноќеска загина во сообраќајка на патот Штип -Кочани
Познат е идентитетот на мажот кој ноќеска загина во сообраќајна несреќа на патот Штип -Кочани.
– На 06.05.2024 во 02.45 часот во СВР Штип било пријавено дека на експресниот пат Штип -Кочани, во близина на с.Крупиште, патничко возило „рено лагуна“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(34) од Скопје, излетало надвор од коловозот. По несреќата, возачот и сопатниците, И.М.(39) од Скопје и двајца малолетници биле пренесени во Клиничка болница Штип, каде што кај И.М. била констатирана смрт, додека кај возачот и малолетниците биле констатирани телесни повреди, информираа од полицијата.
Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Велосипедист е тешко повреден во сообраќајка во Охрид
Вчера околу 14.45 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Питу Гули“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу велосипед управуван од Ј.Д.(74) од Охрид и патничко возило „хјундаи “ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.В.(28) од Охрид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.
Црна хроника
Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани
Скопјанец пријавил дека во менувачница во Старата скопска чаршија бил измамен од страна на двајца странски државјани за сума од 25.000 евра, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.
Синоќа во 19.15 часот во СВР – Скопје, Х.М., на возраст од 34 години од главниот град на државава, пријавил дека околу 15 часот во менувачница во Старата скопска чаршија бил измамен од двајца странски државјани.
Според пријавеното, откако се договориле во менувачницата да сменат пари за 25.000 евра, лицата дошле со чанта со договорената сума на пари во денари, при што еден од нив ја заменил чантата со денари со друга иста чанта, која во долниот дел била полна со хартиени ливчиња.
Како што пријавил Х.М., тој им ги дал еврата без да ја провери чантата, а откако заминале, сфатил дека е измамен, појаснуваат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.