Свет
„Епл“ ќе потроши милијарда долари за нов кампус
Компанијата „Епл“ планира да отвори над 20 000 нови работни места во САД во наредните пет години, а за таа цел ќе потроши милијарда долари за изградба на нов кампус во Остин, Тексас.
Во Остин веќе има кампус со 6.200 вработени, најголемиот по седиштето на „Епл“ во Калифорнија.
Новиот кампус ќе се наоѓа на околу еден километар од постоечкиот и ќе се протега на 133 акри, се вели во соопшението на компанијата објавено денес. Со тоа „Епл“ ќе стане најголемиот работодавач во градот со работна сила од 5 000 вработени и капацитет за уште 10 000.
Компанијата исто така планира да отвори нови канцеларии и во Сиетл, Сан Диего и Калвер Сити, Калифорнија, во наредните три години. Во секоја од нив ќе работат по околу 1 000 вработени.
Ваквата одлука следува откако минатата година беше донесен закон со кој на „Епл“ ѝ се оневозможува да го избегне плаќањето данок на остварениот меѓународен профит. Во јануари компанијата објави дека ќе инвестира 30 милијарди долари во изградба на свои простории во САД и дека до 2023 година ќе вработи уште 20 000 луѓе.
Во следните пет години, „Епл“ исто така ќе инвестира и 10 милијарди долари во центри за податоци во САД, од кои 4,5 милијарди долари ќе бидат потрошени оваа и следната година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

