Македонија
Претставници на Црвениот крст со Заев разговараа за третманот на затворениците
Премиерот Зоран Заев се сретна со делегација на меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) во состав Јелена Стијачиќ, шеф на регионалната делегација на Црвениот крст, Николас Флори, оперативен координатор за Европа и централна Азија, и Даниела Малијанска-Митевска, претставник на МКЦК во Македонија.
Како што информираат од владината прес-служба, на средбата се разговарало за состојбите во областа на човековите права и условите во затворите во земјата, како и третманот на затворениците.
На сoстанокот Заев истакнал дека соработката со МКЦК е од посебна важност за реализирање на зацртаните реформи во одредени области во општеството.
„МКЦК има капацитети со кои не секогаш располага државната администрација од причина што искуството и капацитетите на МКЦК се од меѓународни размери и градени врз волонтерство и поради тоа, соработката на институциите на Република Македонија со оваа меѓународна организација е од исклучителна важност да се продлабочи“, истакнал Заев.
Премиерот исто така потенцира дека Владата веќе презема конкретни чекори за подобрување на условите на затворениците во затворите преку инвестирање во реновирањето на македонските затвори за што од голема помош, како што рекол, биле и претходните извештаи од МКЦК и други релевантни европски и светски организации.
Претставниците на МКЦК од Заев побарале поддршка за олеснување дел од процедурите за посета на затвореници од страна на претставниците на МКЦК бидејќи во моментот за секоја посета мора да се добива дозвола од надлежен судија.
За оваа тема тие најавиле и средба во широк состав со македонските судии на која ќе ги презентираат своите предлози и идеи за подобрување на македонскиот казнено-поправен систем, како и за условите во кои престојуваат затворениците базирани врз меѓународните искуства на МКЦК.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

