Регион
Помпео: Поддршка за грчките власти за постигнувањето на преспанскиот договор
Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, и вршителот на должноста грчки министер за надворешни работи, Јоргос Катругалос, во Вашингтон го почнаа инаугуративниот стратешки дијалог меѓу САД и Грција.Тие ја потврдија заложбата за продлабочување на билатералната соработка во клучните области за заедничка корист на двете земји.
Помпео, како што соопшти Стејт департментот, ја истакнал важноста на Грција како столб на стабилност во Источен Медитеран и Балканот и ги пофалил грчките придонеси како НАТО. Тој ја потврдил и силната поддршка на САД за грчкото раководство за постигнувањето на историскиот преспански договор.
Американскиот државен секретар ѝ честитал на Грција за нејзиниот излез од програмите за финансиска помош и понуди континуирана поддршка за економското закрепнување на Грција. Двајцата соговорници се согласиле да продолжат да работат заедно за да промовираат стабилност и просперитет на Балканот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотреси го тресат Санторини, училиштата се затвораат поради страв, издадени предупредувања
Училиштата на грчкиот остров Санторини денеска ќе бидат затворени поради зголемената сеизмичка активност во последните денови. Властите исто така препорачаа да се избегнуваат „големи собири во затворен простор“ низ островот, кој е познат како популарна туристичка дестинација со своите карактеристични бели куќи и цркви со сина купола, јавува Би-би-си.
Во последните неколку дена се забележани земјотреси до 4,6 степени, а во неделата во близина на островот се забележани земјотреси од 4,3 и 3,9 степени.
Санторини се наоѓа на Хеленскиот вулкански лак – синџир на вулкански острови формиран како резултат на движењето на тектонските плочи. Сепак, последната голема ерупција се случи во 1950-тите.
Грчките власти нагласуваат дека неодамнешните помали земјотреси се резултат на движењата на тектонските плочи, а не на вулканската активност, и дека активноста во вулканскиот басен што го опкружува островот – продолжува да се намалува.
Иако сеизмолозите сметаат дека овие потреси се слаби, властите воведоа превентивни мерки, вклучително и затворање на училиштата и препорачаа бродовите да ги избегнуваат пристаништата Амуди и Фира.
Големите бродови за крстарење често се закотвуваат во близина на Старото пристаниште Фира, а патниците се транспортираат до брегот со помали чамци.
Наредба за затворање на училиштата е издадена и за блиските острови Анафи, Иос и Аморгос.
На жителите и посетителите им беше препорачано да избегнуваат напуштени згради и патишта каде што може да дојде до одрони.
Иако сеизмолозите не веруваат дека овие потреси се знак за претстојна ерупција, не може целосно да се исклучи можноста за посилен земјотрес.
Регион
Од денеска на еден пат во Црна Гора ќе има дневни блокади
Неформалната црногорска студентска група „Камо Сутра?“ најавија дека од денеска, 3 февруари, секојдневно ќе блокираат по еден пат во Црна Гора додека не се исполнат нивните барања, јавуваат локалните медиуми, пренесува Анадолија.
Poštovane građanke i građani,
Počevši od śutra 3. februara, svakog dana do daljnjeg će biti blokirana jedna saobraćajnica. Dvadeset tri minuta buke počinjaće u 17:26 h. O tačnoj lokaciji informisaćemo u 16:26 h putem naših mreža.
Svi na ulice! Svi po naše bezbjedno śutra! pic.twitter.com/I9eVGPfv0C
— Kamo Śutra? (@KamoSjutra) February 2, 2025
Барање за разрешување на Шарановиќ и Бечиќ
Клучните барања на студентската група се разрешување на министерот за внатрешни работи Данило Шарановиќ и вицепремиерот на Црна Гора Алекса Бечиќ бидејќи, според нив, ништо не е направено за да се спречи повторување на злосторствата слични на она што се случи во Цетиње на 1 јануари оваа година.
Hvala vam! pic.twitter.com/IuyENrLHqz
— Kamo Śutra? (@KamoSjutra) February 1, 2025
„Дваесет и три минути врева ќе започне во 17 часот и 26 минути. Точната локација ќе ја објавиме во 16 часот и 26 минути на нашите мрежи. Сите на улиците! Сите за нашето безбедно утре!“ изјави групата на Икс.
Poštovani potpredsjedniče Vlade za bezbjednost i odbranu,
Ovo nije događaj, i nije tragedija. Ovo je zločin.
Na Cetinju se odaje počast žrtvama tišinom, u Podgorici tražimo ispunjenje zahtjeva. Jedini "obrazac postupanja" koji ćemo sada uvesti su blokade. Ustanite iz fotelje i… pic.twitter.com/4a8UgcgWMp— Kamo Śutra? (@KamoSjutra) February 2, 2025
Како дел од организацијата викендов беше извршена блокада на мост во Подгорица која траеше од 17:26 до 18:30 часот во саботата.
Регион
(Фото+видео) Мадона ги поддржа српските студенти
Американската пејачка и актерка Мадона на својот Инстаграм профил сподели видео на стори за студентските протести во Србија.
„Она што медиумите не ви го кажуваат е дека еден од најголемите студентски протести од 1968 година во моментов се одржува во Србија“, се вели во објавата што ја сподели Мадона.
Заедно со снимките од дрон пишува дека студентите ги затвориле речиси сите универзитети, а во тек се 24-часовни блокади.
„Луѓето на улиците во Србија бараат системски промени и „помалку“ корупција во владата. Професорите и наставниците им се придружија на студентите во нивните протести и владата им се заканува дека ќе останат без работа. Ова е сериозен проблем. Треба оваа ситуација да стане вирална и да ги поддржиме студентите и народот во Србија. Ние стоиме со Србија“, стои во објавата што ја сподели Мадона.
Снимките од Србија се придружени со познатиот хит на Мадона „Like a Prayer“.