Свет
Со денови без храна и вода, девојче почина на границата Мексико – САД
Седумгодишното девојче од Гватемала кое со својот татко се обиде илегално да ја преминат границата Мексико – САД почина поради дехидратација кратко време откако тие беа приведени, известува „Вашингтон пост”.
Минатата недела девојчето и нејзиниот татко беа уапсени од граничната полиција на САД, а 7-годишното девојче почина од дехидратација и шок.
Според извештајот на граничната полиција на САД, девојчето и нејзиниот татко биле уапсени на 6 декември во 22 часот по локално време. Тие беа дел од група од 163 мигранти кои се обидоа да ја преминат границата.
This tragedy represents the worst possible outcome when children are held in inhumane conditions.
We call for a rigorous investigation into how this tragedy happened and serious reforms to prevent future deaths. https://t.co/lTuwwmC3RI
— ACLU Border Rights Center (@ACLU_BRC) December 14, 2018
Осум часа подоцна, девојчето почнало да добива напади. Работниците од итната служба наскоро пристигнале за да ѝ помогнат, ѝ ја измериле температурата, која била многу висока, 40 Целзиусови степени, и установиле дека со денови ништо не пиела ниту јадела.
Со хеликоптер ја пренеле во детска болница во Ел Пасо, но девојчето починало.
Граничната полиција на САД не го објави името и презимето на девојчето. Во моментов води истрага бидејќи сака да провери дали патролните службеници правилно ја следеле постапката.
Еден од протоколите е на мигрантите кои се приведени да им се даде порција храна и вода, но засега е дискутабилно дали девојчето било нахрането и дали медицинските лица ја прегледале пред да добие напади.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сали и Бегај разговараа за политичката состојба и европската интеграција на двете земји
Првиот заменик‑претседател на Владата, Беким Сали, оствари официјална средба со Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на која се дискутираше за актуелната политичка ситуација и за соработката помеѓу двете земји.
За време на средбата, двете страни разменуваа мислења за политичките случувања и за продлабочувањето на институционалната соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија.
Првиот заменик‑претседател на Владата, Сали, истакна дека Албанците во Северна Македонија се претставени на најдобар можен начин, играјќи активна и конструктивна улога во државните институции, придонесувајќи во донесувањето одлуки и во клучните процеси кои се поврзани со стабилноста, демократскиот развој и европската перспектива на земјата.
На средбата беше нагласено дека Република Северна Македонија и Република Албанија, покрај тоа што се соседни и пријателски земји, имаат и заеднички аспирации во процесот на европска интеграција.
Свет
Две жртви во трамвајската несреќа во Милано, истрагата насочена кон возачот
Во тешка несреќа во Милано загинаа две лица, а 39 се повредени откако трамвај излета од шините и удри во зграда на улицата „Виале Виторио Венето“, во близина на „Порта Венеција“.
Една од жртвите е 60-годишен пешак кој останал приклештен под возилото, додека вториот загинат е патник кој починал во болница од здобиените повреди.
Истрагата е насочена кон возачот, кој наводно изјавил дека му се слошило непосредно пред несреќата. Се проверува можноста за ненадејна здравствена состојба, особено затоа што трамвајот ја прескокнал последната станица пред свиокот. Првичните проверки не покажале технички дефект.
Градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, изјави дека најверојатно причината не е механички проблем и дека станува збор за ново возило управувано од искусен возач. Отворена е истрага.
Несреќата предизвика реакции од италијанските власти, кои изразија сочувство и најавија целосно утврдување на околностите.
(Видео) Трамвај излета од шините во Милано: загина пешак, речиси 40 повредени
Свет
Бил Клинтон сведочеше за Епстин: Ништо не видов и не направив ништо погрешно
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон сведочеше пред Одборот за надзор на Претставничкиот дом во рамки на истрагата за починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.
Во воведното обраќање, Клинтон изјави дека ништо не видел и дека не направил ништо погрешно, нагласувајќи дека неговото познанство со Епштајн било кратко и завршило години пред злосторствата да станат јавни.
„Знам што видов и, уште поважно, што не видов. Знам што направив и, уште поважно, што не направив. Не видов ништо и не направив ништо погрешно“, рече Клинтон. Тој најави дека на дел од прашањата веројатно ќе одговори со „не се сеќавам“, бидејќи од неговите контакти со Епстин поминале повеќе од 20 години.
Сведочењето се одржува зад затворени врати во Њујорк, но се снима и најавено е објавување на снимката. Претходно сведочеше и неговата сопруга Хилари Клинтон, при што расправата меѓу демократите и републиканците доби и политичка димензија.
Демократите побараа и актуелниот претседател Доналд Трамп да сведочи, тврдејќи дека неговото име често се појавува во документите поврзани со случајот. Трамп негира каква било поврзаност со злосторствата на Епштајн.
Фото: Depositphotos

