Македонија
МВР апелира до граѓаните да пријавуваат продавачи на петарди и пиротехника
Употребата на пиротехнички средства (петарди, палење ракети) со кои се нарушува јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните се казнува со глоба во износ од 200 до 500 евра, информираат од МВР во пресрет на новогодишните празници.
Оттаму известуваат дека неовластената употреба на пиротехника е казнива согласно со Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, Законот за заштита од експлозивни материи и Кривичниот законик на Република Македонија.
„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат законските прописи и да соработуваат со полицијата доколу забележат лица кои продаваат пиротехнички средства и да ги пријават на полициски службеници лично или преку бесплатниот телефонски број 192“, се наведува во соопштението.
Исто така, Министерството особено апелира до малолетниците да не употребуваат петарди бидејќи тие претставуваат опасност за нивното здравје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Очекувам тесна соработка за европската иднина на земјата“, евроамбасадорот Гир за изборната победа на Силјановска-Давкова
Амбасадорот на Европската Унија во нашата земја Дејвид Гир, утрово на Х и ја честиташе победата на Гордана Силјановска-Давкова на вчерашните претседателски избори.
„Честитки до Гордана Силјановска-Давкова за нејзиниот избор за претседателка на Северна Македонија. Очекувам тесна соработка со неа за европската иднина на земјата“, напиша Гир.
Според последните резултати објавени на сајтот на ДИК, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска – Давкова освоила 560.170 гласови (65,14%), а нејзиниот противкандидат Сево Пендаровски од СДСМ 251.541 (29,25%).
Македонија
Орбан со честитки за изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ и на Сиљановска-Давкова
Унгарскиот премиер Виктор Орбан упати честитки за изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори и победата на нивната кандидатка Гордана Сиљановска-Давкова во вториот круг од претседателските избори, додавајќи дека се радува на идната заедничка соработка.
„Им честитаме на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Гордана Сиљановски-Давкова за заслужената и историска победа на денешните претседателски и парламентарни избори во Северна Македонија. Со нетрпение очекувам да работиме заедно за да дадеме нов поттик на процесот на пристапување на Северна Македонија до ЕУ!“, напиша Орбан на социјалната мрежа Х.
Македонија
Одбележување на 9 Мај, Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа
По повод Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, денеска Владата на Република Северна Македонија свечено ќе ги одбележи овие два значајни празника.
Во 11:00 часот, владина делегација предводена од Ристо Пенов, министер за локална самоуправа и Викторија Аврамовска Мадиќ, заменик – министер за правда, ќе положат свежо цвеќе на Партизанските гробишта Бутел, Скопје.
Во 12:00 часот, владина делегација предводена од Талат Џафери, претседател на Владата на Република Северна Македонија, Ристо Пенов, министер за локална самоуправа и Викторија Аврамовска Мадиќ, заменик – министер за правда, ќе положат свежо цвеќе пред Споменикот „Ослободители на Скопје“ на платото пред Владата на Република Северна Македонија.