Регион
Парламентот ги усвои законите – Косово доби војска

Косовскиот парламент ги усвои законите кои овозможуваат трансформација на Косовските безбедносни сили во Вооружени сили на Косово. Во Парламентот влегле и неколку идни војници. Првиот закон што е усвоен се однесува на трансформација на КБС во Министерство за одбрана, а вториот закон се однесува на трансформација на КБС во вооружени сили. Со усвојување, пак, на третиот законт формално-правно е завршена процедурата за формирање косовска војска, пренесуваат српските медиуми.
Дописникот на РТС јави дека законите се донесени по скратена постапка и едногласно.
Српските медиуми денешниот ден за Косово и Србија го означија како „Денот Д“. Истовремено припадници на КФОР се распоредени на мостот што ја дели Косовска Митровица на северен и јужен дел, додека хеликоптери на НАТО ја надлетуваат Приштина. Српскиот претседател, Александар Вучиќ, во следните 72 часа ќе биде во копнената безбедносна зона.
САД и Германија го поддржаа формирањето на косовска војска, а ЕУ и НАТО се против, пишуваат српските медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.