Контакт

Македонија

Екоакција за чистење на јавните површини во населба Козле

Објавено пред

Комуналните служби денеска спроведоа голема акција за чистење на населбата Козле, информираат од Општина Карпош.

dobivaj vesti na viber

Како што додаваат од таму, акцијата се одвивала на потегот од основното училиште „Владо Тасевски“ до Министерството за економија.

Хигиеничарите ги отстрануваа лисјата од јавните површини, а го отстрануваа и погабаритниот отпад – пластика, хартија и стакло, се наведува во соопштението на Општина Карпош од каде апелираат до сите граѓани за зголемена грижа за животната средина.

Скопје

Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд

Објавено пред

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во источните делови. Наместа ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето со пораст на температурата. Од сабота кон крајот на денот повторно се очекува нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме.

Прикажи повеќе...

Скопје

Делови од општина Карпош денеска без струја

Објавено пред

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општина Карпош.

dobivaj vesti na viber

· во пеиодот од 09.00 до 15.00 часот дел од корисниците во село Горно Нерези во општина Карпош.

· во периодот од 09.00 до 14.00 часот корисниците од дел од улицата Ринхини и улицата Езерци – населба Влае во општина Карпош.

Прикажи повеќе...

Македонија

Силјановска-Давкова: Грозоморен напад врз словачкиот премиер, се молиме за негово здравје

Објавено пред

Македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова реагираше на веста за атентатот врз словачкиот премиер Роберт Фицо.

dobivaj vesti na viber

„Бев длабоко шокирана кога ја слушнав веста за грозоморниот напад врз словачкиот премиер Роберт Фицо. Се молиме за негово здравје и брзо закрепнување! Нашите мисли се со неговото семејство и со народот на Словачка“, напиша Силјановска Давкова.

Словачкиот премиер Роберт Фицо е затрелан по владин состанок, околу 150 километри североисточно од Братислава.

Обидот за атентат се случил кога Фицо отишол меѓу насобраните луѓе.

Според информациите, премиерот на Словачка бил застрелан со два до три куршуми во градите и стомакот. Со хеликоптер итно бил пренесен во болница во Братислава.

Напаѓачот е уапсен на самото место.

Словачките медиуми јавуваат дека состојбата му е многу тешка и ќе биде опериран.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет17 минути

ИДФ: Петмина израелски војници загинаа, седум се ранети во „пријателски оган“

Петмина израелски војници беа убиени, а седум други беа ранети, од кои тројца потешко, вчера во Џабалија во северниот дел...

Свет27 минути

Словачкиот премиер Роберт Фицо повеќе не е во животна опасност, изјави вицепремиерот

Словачкиот премиер Роберт Фицо повеќе не е во животна опасност откако вчера беше застрелан повеќекратно во обид за атентат, изјави...

Свет33 минути

Атентат на Роберт Фицо: Министерот за полиција бара свикување на Советот за безбедност на Словачка

Словачкиот министер за внатрешни работи Матус Шутај Ешток денеска ќе побара од вицепремиерот Томаш Тараба да го свика Советот за...

Свет37 минути

Три лица загинаа во авионска несреќа во Тенеси

Три лица загинаа откако мал авион се урна во американската сојузна држава Тенеси, соопштија локалните власти. Очевидец ја пријавил експлозијата...

Македонија11 часа

Министерство за правда изрази благодарност до турските власти за екстрадицијата на Палевски

Министерството за правда изрази благодарност до турските власти за преземањето на сите неопходни мерки за екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо, кој...

Македонија11 часа

Палевски екстрадиран, по пет месеци, стигна во Шутка

Љупчо Палевски Палчо по пет месеци стигна во затворот во Шутка откако заврши постапката за екстрадиција од Турција. Палевски со...

Македонија15 часа

Се очекува промена во Законот за семејство по пресудата за Митровска која ги бараше биолошките родители

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) донесе пресуда во случајот Митровска за неможноста да добие информации кои се нејзините биолошки...

Македонија16 часа

Кацарска и претходно добивала закани на социјалните мрежи, но не сакала да реагира

Прерседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска и претходно добивала закани на социјалните мрежи, но не ги пријавила во полицијата, се’...

Македонија18 часа

Директорот на „Идризово“ за изгорениот автомобил: Ова се подмолни работи од кукавици, ќе се справиме со нив, најдени се траги

Службениот автомобил на директорот на затворот „Идризово“ е седмиот изгорен автомобил на вработен во затворот во изминатата една и пол...

Македонија18 часа

Османи очекува Управниот суд да ја преиначи одлуката за прегласувањето, најави и пријави за членовите на ДИК

Домашната и меѓународната јавност беа сведоци на еклатантното кршење на процедурите во Државната изборна комисија и партиската и институционалната кражба...

Македонија20 часа

Вработените на Токсикологија во одбрана на Беќаровски: „Тој е врвен професионалец, зад обвинувањата стојат лица што не се вработени на клиниката“

Вработените на Клиниката за токсикологија преку писмо застанаа во одбрана на својот колега Нико Беќаровски за кој претходно Министерството за...

Македонија20 часа

Беќаровски обвинуван за навреди на национална основа, докторот најави тужба и тврди дека објавената изјава е лажна

Министесртвото за здравство упати обвинувања за докторот од Токсикологија, Нико Беќаровски, дека ги навредувал Албанците на национална основа. Изјавата е...

Топ20 часа

МВР со детали за запаленото возило на директорот на „Идризово“: Пожарот зафати дел од фасада на зграда и балкони

Денеска, околу 3.35 часот, во Полициската станица Кисела Вода во Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода било...

Регион22 часа

(Видео) „Ги зедов да ги заштитам“: првите зборови на таткото што ги држеше децата како заложници во Драч

Алекс Марку (40), кој синоќа во Драч со часови ги држеше во заложништво своите две малолетни деца додека пукаше со...

Топ23 часа

Запален автомобилот на директорот на затворот ,,Идризово”

Ноќеска, по полноќ, бил запален службениот автомобил ,,пасат” на Зоран Јовановски, директорот на затворот ,,Идризово”. „На 15.05.2024 околу 03.35 часот...

Свет24 часа

„Раѓаме бебиња само за да ги изгубиме“: плачот на мајките од Газа чии деца беа убиени во нападите

Раним Хиџази се сеќава дека цврсто го држела својот едногодишен син Азуз пред израелскиот воздушен напад. Дронот што лета над...

Свет24 часа

Путин: Односите меѓу Кина и Русија достигнаа највисоко ниво и покрај меѓународните предизвици

Рускиот претседател Владимир Путин во пресрет на неговата дводневна државна посета на Кина, која започнува утре, изјави дека координацијата на...

Свет1 ден

(Видео) Немири во Нова Каледонија поради реформите, гореа згради и училишта, еден убиен

Повеќе од 130 лица се уапсени во Нова Каледонија, француска прекуморска територија, по втората ноќ на насилни протести, соопшти француската...

Европа1 ден

Еден од клучните луѓе на Украина: Ги искористивме сите сили што ги имаме, на работ сме

И додека шефот на воената разузнавачка служба на Киев предупредува дека борбите меѓу руските и украинските трупи во североисточниот регион...

Топ2 дена

МВР со детали за двојното убиство во Стајковци: жртвите пронајдени со повреди на главата, со убодни рани најден и осомничениот

Денеска  во 12.30 во СВР Скопје било пријавено дека во с.Стајковци, скопско, на тераса и на скали во домот со...