Свет
Трамп стравува дека му се заканува импичмент
Американскиот претседател, Доналд Трамп, стравува дека ќе биде тргнат од функцијата и покрај тоа што тој јавно повеќепати нагласи дека воопшто не е загрижен дека тоа може да се случи.
Според извори блиски на американскиот претседател, неговите стравови се уште поголеми како резултат на федералната истрага поврзана со неговите соработници и преземањето на контролата врз претставничкиот дом од страна на демократите.
Во средата федералните обвинители објавија дека Трамп и неговиот поранешен адвокат Мајкл Коен присуствувале на состанок кој имал цел развивање план да се замолчат две жени кои тврдат дека имале афера со него, со цел тој ја ги добие претседателските избори. Според обвинителите, исплатите на двете жени претставуваат прекршување на законите за финансирање кампањи.
Како резултат на тоа Трамп стравува од импичмент, велат изворите. Сепак, тој јавно тврди дека не извршил никаков криминал и дека не постои причина за негов импичмент, како и дека луѓето би се побуниле ако тоа се случи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

