Регион
Дачиќ: Формирањето косовска војска е најдиректна закана за мирот и стабилноста во регионот
Српскиот министер за надврешни работи, Ивица Дачиќ, вели дека формирањето косовска војска е најдиректна закана за мирот и стабилноста во регионот и безбедноста на српскиот народ.
Србија смета дека гласањето во косовскиот парламент претставува кршење на резолуцијата на ОН за Косово со која беше прекинат конфликтот во периодот 1998-1999 година и воена интервенција на НАТО против Србија.
Алијансата, пишува АП, ја бомбардира Србија 78 дена во 1999 година за да ги прекине борбите против косовските сепаратисти. Косово прогласи независност во 2008 година, што Србија не ја признава.
Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, објави дека ќе побара итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации по одлуката на Косово за формирање војска, објави АП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес од 6 степени според Рихтер би бил катастрофален за Санторини, цунами е малку веројатно, но не и невозможно, вели грчки експерт
Тлото во Грција не мирува веќе 10 дена, а стравот и агонијата кај жителите на Санторини се зголемуваат бидејќи сеизмичката активност не стивнува. За оваа ситуација се огласи истражувачот Костас Папазахос кој за грчките медиуми зборуваше за последиците што може да ги има земјотресот на грчкиот остров.
„Ова е еден од најтешките периоди во овој грчки регион. Тоа не мора да значи дека ќе има силен земјотрес, само е можно да се ослободи топлинска енергија и да имаме помали земјотреси во Санторини кои траат долго време“, објаснува експертот.
„Од сè што слушнавме во последните денови, има работи што мора да ги знаеме и работи кои не би можеле да ги знаеме. Прво, во светот постои сериозна научна технологија која би го проценила ризикот од земјотреси. Има некои индикации“, објаснува.
Тој вели дека земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала, или посилен, би бил катастрофален за грчкиот остров.
„Секако, доколку се случи земјотрес од оваа јачина, ќе има штети во радиус од 225 километри“, објаснува Костас.
Костас посочува дека е малку веројатно дека би се случило цунами во Грција, но не и невозможно. Секако, земјотресот може да предизвика големи штети на зградите, главно постарите.
„Многу е тешко да се дефинира кога може да се појави таков проблем, може да трае неколку дена, недели… Има случаи кои траат една недела, а некои и неколку месеци. За жал, ова е непредвидливо“, вели тој.
Што се однесува до вулканската активност, тој вели дека се работи за две сосема различни појави кои се случиле во блиски временски периоди. Вулканот со месеци доживува деформација во рамките на Калдерата, што доведува до мали земјотреси или ниска сеизмичност.
„Тоа е вредно за внимание, поради што Цивилната заштита излезе со соопштение за благa сеизмичност. Оваа интензивна сеизмичност сега е втора појава, поради што Санторини е нападнат ‘од две страни’“, вели Костас.
Регион
Уште еден многу силен земјотрес ја погоди Грција
Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во понеделник, 3 февруари 2025 година во 10:29 часот во Грција.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во близина на Додеканезите.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 10,1 километар под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.
Серија силни земјотреси во последните 24 часа се регистрирани во областа Санторини.
Регион
(Видео) Сеизмичката бура кај Санторини ја вознемири Турција, граѓаните споделуваат загрижувачки снимки: „Водата се повлече!“
Цела Грција ја следи сеизмичката бура која во последните денови се случува на Санторини. Со засилувањето на сеизмичката серија, со регистрирани околу 10 потреси на час (најголем број од 12 се забележани во периодот од 2 до 3 часот утринава), голем број жители и посетители на Санторини – оние кои не учествуваа во бранот бегство – ја поминаа ноќта во своите автомобили.
Загриженоста поради земјотресите се прошири и во Турција, каде сеизмолозите бараат од жителите на крајбрежните области како Бодрум, Мугла и Ајдинио да внимаваат на можното цунами.
По синоќешната средба во палатата Максимос за земјотресите, на која присуствуваше и премиерот Киријакос Мицотакис, стана јасно дека постои загриженост, но во разумни граници, за можноста од земјотрес со јачина од 6 или повеќе степени според Рихтеровата скала.
„Се испитуваат сите елементи на сеизмичка активност. Досегашните мерки се превентивни. Во секој случај, комисијата за управување со сеизмички ризик ќе биде постојано информирана и постојано ќе заседава. Ги повикувам нашите сограѓани да ги слушаат мерките на експертите и се придржуваме до нив за да можеме да се справиме со моменталната состојба. Има будност, превентивни мерки и организација“, изјави по средбата Василис Кикилијас.
Προληπτικά τα μέτρα. Συνεχής ενημέρωση από τους ειδικούς και εγρήγορση
Ολοκληρώθηκε η σύσκεψη υπό τον Πρωθυπουργό. Ενημερώθηκε, όπως και όλοι οι υπόλοιποι παριστάμενοι, από την επιστημονική μας ομάδα. Φυσικά ενημέρωση θα παρέχεται συνεχώς. Εξετάζονται όλα τα στοιχεία της… pic.twitter.com/7IT7hOqJj8
— Vassilis Kikilias (@Vkikilias) February 2, 2025
Локалните власти на некои од островите, како што се Санторини и Аморгос, ги ажурираа своите планови за евакуација на областите во случај на земјотреси и цунами, а побараа рибарите и приватните чамци да останат врзани денеска. На Санторини, Иос и Аморгос има тимови за итни случаи од спасувачи и лекари, со амбулантни возила и опрема, како дел од постојаната оперативна подготвеност и превентивното зајакнување на механизмите за одговор при итни случаи, пренесува Прототема.
„Водата се повлече“
Додека сеизмичката бура, како што некои научници го нарекуваат феноменот, продолжува, на социјалните мрежи кружат видеа, снимени од жители на крајбрежните области на Турција, како што е Измир, известувајќи дека водата се повлекла во последните денови, прашувајќи се дали овој феномен е поврзан на сеизмичка активност кај Санторини.
Receding waters in Izmir. Scary!#Santorini #SantoriniVolcano #SantoriniEarthquake #Volcano #Earthquake #Kolumbo #Greece #Tsunami 🇬🇷🇬🇷🇬🇷 pic.twitter.com/0jCcSOqQS9
— LeanneSpurs 🇬🇧 (@LeanneSpurs) February 3, 2025
Сеизмологот Акис Целентис во објава на својот Фејсбук профил меѓу другото наведува дека „нема потреба од паника бидејќи паниката е најголемиот убиец, но потребна е будност – феноменот се влошува“.
„По новите земјотреси што се случија, мислам дека и државата (која работи како што треба) и жителите треба да бидат многу внимателни. Националниот комитет за сеизмички опасности има меѓународно искуство и треба да ги слушнете неговите најави. Најголемата опасност е од цунамито. За жал, близината на подводните раседи во оваа област не дозволува доволно време за пристигнување на предупредувањата од Националниот центар за предупредување на цунами, а временскиот јаз помеѓу предупредувањето и пристигнувањето на цунами е многу краток. Жителите веднаш да се оддалечат од брегот и да побараат засолниште во повисоките топографски области штом забележат дека водите се повлекуваат“, рече тој.
Научниците се претпазливи во врска со сеизмичката низа и нејзината еволуција. Во изјава за Прототема, професорот Костас Папазахос рече дека најлошото сценарио е „да се случи посилен земјотрес со јачина од 6 или поголем во регионот“ и посочи дека „тоа е една од најтешките секвенци во грчкиот регион“.