Македонија
ЗНМ бира претседател – во трка Чадиковски и Наумов
ЗНМ денеска бира нов претседател. Изборното собрание на ЗНМ ќе се одржи во со почеток во 10 часот во спортската сала „Борис Трајковски“. До Здружението на новинари на Македонија пристигнати се две кандидатури за претседател на здружението од Младен Чадиковски и од Стојанче Наумов. Досега функцијата претседател ја вршеше Насер Селмани.
ЗНМ информираше дека Чадиковски доставил програма за работа, додека Наумов најавил дека ќе ја презентира својата програма пред членовите на самото Собрание. До предвидениот рок за кандидирање биле пристигнати 29 кандидатури за членови во управниот одбор, шест за членови во Надзорниот одбор и 4 за членови во Советот на честа.
За членови на Управниот одбор се кандидатираат Ајдари Аднан, Акифи Шклзен, Андонов Зоран, Арифи Бењамин, Атовска Кристина, Димевски Сашко, Димитровски Зоран, Донев Венцо, Ѓеоргиев Томислав, Иванов Мишко, Јовановска Слободанка, Јовановски Тодор, Кока Фиљана, Лефков Горан, Мачкиќ Кристина, Маџоски Зоран, Митреска Елизабета, Михајлоски Гоце, Николовска Билјана, Петроска Парашкева, Поповски Среќко, Салију Фуркан, Салих Зехријан, Стефановски Илија, Стојанов Игор, Стојановска Наташа, Трпческа Мирјана, Халили Мемедалија Евис и Цветковска Сашка.
Кандидатури за членови на Надзорниот одбор се Јордановска Мери, Керими Адриан, Мехмети Семи, Мулачка Ирена, Стројмановски Трајче и Сулејмани Башким, додека за Советот на честа кандидати се Костиќ Мира, Јакупи Семра, Зилбеари Сенад и Зекири Арбен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

