Македонија
(Видео) Велковски: Градиме по план, инвестираме во нова патна и железничка инфраструктура
Со најголемиот добиен грант за еден инфраструктурен проект од 68,6 милиони евра следува изградбата на втората делница од пругата кон Бугарија, важен дел од коридорот 8.Со овие средства се кофинансира изградбата на пругата Бељаковце – Крива Паланка во вкупна должина од 34 километри, изјави Диме Велковски, пратеник од СДСМ и коалицијата.
Според него, во меѓувреме, веќе се надминати пречките започнува забрзана изградба на пругата Куманово – Бељаковце во должина од 31 километар.Заокружено е финансирањето, изградбата на Коридорот 8 станува стратешки инфраструктурен проект на Владата предводена од СДСМ.
,,Конечно граѓаните на Македонија и Бугарија железнички ќе бида поврзани. Македонија ја засилува стратешката позиција на Балканот.Со изградба на Коридорот 8 се создава нов железнилки транспорт што ќе придонесе кон зголемување на трговската размена, развојот на економијата и комуникацијата на граѓаните. Дополнително, привршуваат градежните работи на пругата од Битола кон граничниот премин со Грција, Кременица.
Целосно е завршено поставувањето на шините, финишира процесот на поставување на пропратните елементи како сигнализација, електрична енергиија и паркинг.Овозможуваме Пелагонискиот регион повторно да биде железнички поврзан со Грција и со солунското пристаниште. Освен за граѓаните на Битола и Пелагонискиот регион, оваа железница е значајна придобивка и за индустриската зона Жабени односно компаниите во неа.Се олеснува транспортот, протокот на стоки и услуги”, додаде тој.
Според Велковски, по 11 години застој, после деценија потрошена без да се изгради ниту еден километар железничка линија интезивно се рабноти, се инвестира во инфраструктурата и железницата.
,,Се градат и реконструираат патни правци низ целата држава, се градат пруги и се модернизира железничкиот сообраќај, се одвојуваат повеќе пари за гасификација, водоводни и канализациски мрежи.Придобивките се огромни за граѓаните, но и за компаниите.Како одговорна и државотворна партија остануваме посветени на реализација на мерките што обезбедуваат економски раст, развој, повисок животен стандард и услови за квалитетен живот на сите граѓани”, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

