Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Власта мува не ја лази за загадениот воздух

Власта го зацрни животот на граѓаните. Веќе два месеца Македонија дише загаден воздух. Скопје е најзагаден град во Европа и помеѓу десетте најзагадени во светот, а власта не презема ништо, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, Заев, Макрадули и Шилегов ветуваат почист воздух веднаш откако ќе ја преземат власта, две години потоа ништо од она што го ветуваа не е случај. Наместо мерки и проекти, спијат во Собрание за време на расправа и играат игри на телефон.
,,Додека власта мува не ја лази дали воздухот ќе биде чист или загаден, десеттици граѓани секој ден завршуваат во здравствените установи ширум државата со срцеви и белодробни проблеми како резултат на загадениот воздух, во кој концентрацијата на ПМ 10-честички е неколкукратно над дозволеното секој ден.ВМРО-ДПМНЕ знае дека СДСМ е дезориентирана партија и дека не знае каде ја води државата, токму затоа предложивме сет мерки за справување со загадувањето, меѓу кои:
– субвенционирање на сметките за електрична енергија на социјално загрозените семејства,
– забрана за употреба на петрол и кокс,
– бесплатен градски превоз додека трае загадувањето.
Граѓаните не смее да трпат поради неспособноста и безидејноста на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ нуди мерки и решенија, а не празни ветувања напумпани пред избори како што тоа го направи СДСМ.
Црнилата што ги предизвика оваа власт мора да престанат да бидат наше секојдневие. Граѓаните заслужуваат чист воздух, тоа е нивно право и обврска на секоја влада. СДСМ не може тоа да го овозможи и мора да си замине, колку порано толку штети по државата и граѓаните ќе бидат помали. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани кои се против штетните политики на ненародната власт да ни се придружат на протестниот марш во Скопје, в четврток (20.12.2018) кој тргнува од плоштад ВМРО до Владата”, соопшти партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Ливриниќ: Вистинска грижа за бутелчани или прекршување на Изборниот законик на последниот ден на кампањата

Во мојата програма јасно најавив мерка за ослободување од надоместок за плаќање на оброк и ужина за сите деца на сите наши сограѓани во Општина Бутел – без исклучок и без поделби. Денеска, Советот на Општина Бутел усвои две мерки со слична содржина. Тоа не го сметам за проблем, напротив – го поздравувам и поддржувам секој чекор кој е во интерес на граѓаните, вели кандидатката за градоначалничка на Општина Бутел од СДСМ, Оливера Ливриниќ.
Но, како што вели, проблемот е начинот и времето на донесување на овие одлуки.
„Претседателот на Советот и градоначалникот Костовски добро знаат дека се наоѓаме во предизборна кампања, и тоа во последниот ден од истата, кога согласно закон е строго забрането донесување одлуки кои имаат финансиски импликации врз општинскиот буџет. Морале и можеле оваа мерка да ја донесат на законски начин на почеток на училишната година и пред изборната кампања“, вели Ливриниќ.
За жал, додава таа, со ваквите потези, мерките што се носат денес нема да имаат реален ефект врз граѓаните, бидејќи постои сериозна можност да бидат оспорени од Државната изборна комисија (ДИК) и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).
Соопштенија
Насевска: Ќе ја реконструираме киносалата во Злетово

Од песните и ората преку театарот, ликовниот израз, модерниот балет, уметничкото творештво е пулсот на македонското битие. Свесни сме дека без вложување во културата и негување на традицијата ќе го изгубиме она што не прави препознатливи како народ, вели Марија Насевска, кандидат за советник во Советот на општина Пробиштип од ВМРО-ДПМНЕ.
„Затоа во програмата на идниот градоначалник, Тони Тоневски и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, планираме инвестиции во нови простори за културни активности.
Реконструкција на кино салата во Злетово, кино на отворено, културни фестивали кои ќе промовираат локални уметнци.
Културата расте таму каде што се сее, а ние ја сееме со љубов и визија“.
Соопштенија
Трајанов: Да ги завршиме изборите во првиот круг

Претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, упати повик до членовите и симпатизерите на партијата, како и до сите граѓани, масовно да излезат во недела на 19 октомври и да гласаат за кандидатите за градоначалници и советници предложени од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Со тоа, како што вели, изборниот процес би се заокружил уште во првиот изборен круг.
„Ова не се избори само за локалната власт, туку и определба за тоа дали ќе градиме држава со сите елементи, во која ќе продолжиме со коренити и суштински реформи и на брза лента ќе се движиме кон ЕУ, дали ќе воспоставиме систем на владеење на правото, дали ќе ја искорениме корупцијата, дали ќе отвориме перспективи за младите во сите средини, а посебно во руралните и дали Македонија ќе биде информатичка сила.
Имаме идеја и визија за Македонија како модерна држава, но за тоа ни е потребна поддршка од граѓаните в недела на 19 октомври, се вели во повикот на лидерот на Демократскиот сојуз“, Павле Трајанов.