Регион
(Видео) Алармантно во БиХ, затворени училиштата поради снегот

На подрачјето на општините Коњиц и Јабланица денеска и утре поради лошите временски услови и непроодните патишта нема да има настава во основните и средните училишта, како и во детските градинки.
„На подрачјето на општина Коњиц, од 110 населени места, за околу 30 места не е квалитетно решено прашањето за чистење на патиштата, така што целата механизација е распоредена на овие места, сите средства со кои се располага се достапни за да се исчистат патиштата до секое место”, велат официјални претставници од БиХ.
Како што беше посочено, во општината Јабланица проблем е снабдувањето со електрична енергија бидејќи еден дел од граѓаните во ова населено место сè уште се без редовно снабдување со електрична енергија.
Во моментов малку загрижува тоа што во текот на утрото повторно во областа Коњиц почнало да паѓа снег, додаваат властите.
Во општините Коњиц и Јабланица во неделата беше прогласена состојба на природни непогоди поради обилните врнежи од снег.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.