Регион
Човек префрлал снег во дворот на соседот по што настанала општа тепачка меѓу две семејства во БиХ

Во селото Долна Лохиња кај Грачаница во БиХ во саботата навечер, за време на чистење снег, најпрво дошло до расправија, а потоа и до тепачка меѓу повеќе луѓе, соопшти тамошната полиција.
Наводно, причина за тепачката било префрлувањето снег од еден двор во друг, преку жичената ограда на соседот, јавија медиумите од БиХ.
Најпрво се пресметале двајца соседи на возраст од 21 и 27 години. Потоа се вмешал и таткото на 27-годишникот кој застанал во одбрана на својот син и му задал неколку удари на младиот сосед. Тогаш реагирал и таткото на 21-годишното момче кој возвратил и го нападнал 27-годишникот.
По тепачката, медицинска помош во Здравствениот дом во Грачаница побарале тројца мажи. Тежината на нивните повреди е непозната, а надлежниот обвинител е информиран за тоа.
За време на тепачката оштетен е и еден автомобил, во сопственост на еден од соседите.
Локалната полиција извршила увид на местото и ќе преземе соодветни мерки по однос на овој случај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.