Свет
Кремљ ги отфрли новите извештаи за вмешаност во изборите во САД
Кремљ ги отфрли двата нови извештаја за вмешаност на Русија во американските претседателски избори од 2016 година нагласувајќи дека во нив недостигнаат детали, односно не успеале да појаснат како руската влада наводно била вмешана.
Во извештајот на приватните експерти, што американските сенатори го обелоденија во понеделникот, е наведено дека мешањето на Москва преку социјалните мрежи била многу повеќе раширена отколку што претходно се верувало и ги вклучува настојувањата дека Американците биле поделени по расна и екстремна идеологија, пренесе „Ројтерс“.
Кремљ и претходно ги негира извештаите за вмешаност на Москва во изборите во САД истакнувајќи дека станува збор за политички мотивирана антируска кампања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Босфор затворен, се насука украински брод
Теснецот Босфор, кој го поврзува Црното Море со Средоземното Море, е затворен за бродови откако денеска таму се насука товарен брод од Украина, соопштија турските власти за дпа.
Бродот Алексис превезува прехранбени производи од Украина до Египет. Дефект на моторот се случил во близина на излезот од пловниот пат, изјави портпаролот на Управата за безбедност на крајбрежјето за дпа.
Спасувачките напори се веќе во тек, додаде изворот. Босфорот служи како излез за украинското жито на светските пазари во екот на руската инвазија. Речиси 40.000 бродови поминале низ Босфорот во 2023 година, според турското Министерство за транспорт.
Европа
Руски хеликоптери уништија дронови на украинската морнарица, следуваше одговор, пишува „Форбс“
Украински експлозивни автономни пловни објекти или поморски беспилотни летала напаѓаат и потонуваат руски воени бродови во Црното Море од минатата есен, а сега руската Црноморска флота одлучи да возврати, и тоа од воздух, пишува „Форбс“.
Руски бомбардери, летечки бродови и хеликоптери патролираа на рутите до пристаништата, каде што е закотвена Црноморската флота, барајќи знаци за приближување на автономните бродови, кои ги гаѓаа со ракети и куршуми. Меѓутоа, во војната – како и во физиката – секоја акција има своја реакција. И, така, сега украинските автономни бродови добија проектили „земја-воздух“, кои можеби веќе ги лансираат руските авиони.
Снимките од Црното Море направени во неделата или понеделникот покажуваат како хеликоптер „камов Ка-29“ кружи околу украинскиот брод и пука во него. Можно е овој напад да е поврзан со украинскиот напад на Црноморската флота на Крим овој викенд. Пловилата наводно потопиле руски патролен брод.
Ова не е првпат руско летало да уништи украински автономен брод (УСВ). Но, тој конкретен УСВ се издвојуваше затоа што беше опремен со ракетни фрлачи и инфрацрвена ракета „Р-73“. Се чини дека некои украински бродови сега имаат свои противвоздушни ракети.
Рускиот канал Fighterbomber на „Телеграм“ беше изненаден од ова: „Украинците некако успеаја да ја поврзат ракетата со системите за далечинско управување на УСВ“.
Проектилот „Р-73“ е чувствителен на извори на топлина како што се моторите на леталата. Не бара телеметрија за водење. Сепак, каналот Fighterbomber не греши кога се прашува како војниците што управуваат со УСВ може од далечина да ги нишанат и лансираат тие проектили.
Fighterbomber шпекулира дека украинските автономни пловила сè уште не ги лансирале своите проектили, но вреди да се напомене дека УСВ, што екипажот Камов го уништи во неделата или понеделникот, имал два ракетни фрлача, но само еден проектил.
Со опремувањето на УСВ со ракети „Р-73“ украинските сили додадоа уште една улога на нивните сè повеќе разновидни автономни пловила. Повеќето од нив се еднонасочни: тие се натоварени со експлозиви и удираат во руски воени бродови. Постои и верзија на поморскиот дрон Sea Baby, кој може да лансира ненаведувани проектили за напади со долг дострел, а можно е и најголемите УСВ во Украина да имаат и радиопопречувачи.
Постои шанса дека овие нови УСВ сепак веќе ги лансирале своите проектили. Најмалку еден, а можеби и два руски хеликоптера наидоа на неволја над Црното Море на 9 и 10 април. Портпаролот на украинската морнарица, Дмитро Плетенчук, тврди дека рускиот „камов ка-27“ бил соборен на 9 април, а повеќе извори потврдуваат дека еден ден подоцна бил соборен уште еден хеликоптер „мил ми-24“.
Падот на „камов“ не е потврден, но интересно е тврдењето на Плетенчук дека руското летало „барало нешто“ и „го нашло“. Ако Русите навистина го загубија „ка-27“ на 9 април и ако тој хеликоптер навистина бараше УСВ, дали е можно дека пронашол УСВ вооружен со ракети „земја-воздух“?
Свет
Борел: Нема безбедна зона за цивилите во Газа
Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска изјави дека нема безбедна зона во Газа за палестинските цивили наведувајќи дека во Газа има 600.000 деца.
За време на состанокот на министрите на ЕУ одговорни за развој, Борел рече дека Израел почна копнена офанзива на Рафах на југот на Газа, без оглед на барањата на ЕУ и САД да не го сторат тоа, пренесува „Ал џезира“.
„И покрај овие предупредувања и барања, нападот беше извршен синоќа. Се плашам дека тоа повторно ќе предизвика многу цивилни жртви“, додаде Борел.
Израелската армија (ИДФ) денеска соопшти дека презела оперативна контрола над палестинската страна на јужниот премин Рафа во Газа, кој граничи со Египет, пренесува „Танјуг“.