Економија
Што бараат миленијалците во еден автомобил?
Генерациите родени помеѓу раните 80-ти и средината на 90-тите имаа навика да им се јавуваат на своите пријатели преку својот домашен телефон, но сега тие ги користат последните генерации мобилни телефони. Овие генерации почна да слушаат музика на касетофони, но моментно ги имаат сите омилени песни поставени на Cloud. Тоа се миленијалците, генерација што се издвојува со брза адаптација кон технолошкиот напредок. А денес оваа група сочинува 12 проценти од сите купувачи во Европа, велат од „Порше Македонија“.
Но, што всушност бара оваа хиперповрзана слободољубива генерација при избор на возило?
– Дизајн, пред сè: За 40 отсто од сегашните купувачи на автомобили помеѓу 25 и 37 години надворешните линии се една од главните причини за купување возило врз основа на внатрешно спроведени истражувања од „Сеат“. Слично на тоа, резултатите покажуваат дека една третина од луѓето под 30 години сметаат дека автомобилот е одраз на нивната личност и сакаат автомобилот да го одразува нивниот индивидуален стил. Поврзувањето, звучниот систем и инфо-забавниот систем се дополнителни одлучувачки елементи за еден од секои три миленијалци.
– Мал и градски автомобил: Постојат многу опции на пазарот, но оваа генерација има јасна идеја, односно 50 отсто преферираат компактни модели, како што се „сеат леон“ или „сеат ибица“. Покрај тоа, СУВ-сегментот е исто така мошне популарна опција за 20 отсто од оваа група, процент што се зголемува со возраста на купувачите. Сепак, само еден од секои пет миленијалци е способен да купи автомобил со својата заштеда, бројка што се зголемува до 40 отсто во постарите генерации.
– Ажурност и со еден клик: Да се биде дигитална генерација, што е главно во одлучувањето за купување еден модел или друг, миленијалците спроведуваат детаљно истражување на интернет.
Според Енрике Пастор, одговорен за истражувања на пазарот и стратегија на производот во „Сеат“ „во просек се потребни девет недели за миленијалците да се одлучат за купување. Бидејќи одвојуваат време да бидат подобро информирани и се релативно помалку искусни во процесот на купување автомобил, исто така потребно им е повеќе време за одлука“.
Веб-страниците на производителите и специјализираните извештаи сочинуваат голем процент во однос на нивните главни извори на информации. Една разлика што ги издвојува од нивните претходни генерации е дека за оваа генерација важна улога играат и препораките од пријателите и семејството.
– Споделувањето е живеење: Во споредба со минатото, начинот на кој луѓето ги користат своите автомобили денес е променет.
„Според интерни истражувања, миленијалците се првата генерација што е заинтересира за нови форми на мобилност. На пример, 26 отсто од возачите на возраст од 25 до 37 години размислуваат да го делат својот автомобил со други корисници. Всушност, делењето на автомобил е тренд што може да се очекува да се интензивира во иднина: околу 36 милиони корисници во светот ќе користат услуги за споделување на автомобилот до 2025 година,“ заклучува Енрике.
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас
Дел од програмата на медицински мебел на БРАКО отсега ќе може да се купи на сајтот за онлајн тргување Ананас. На сајтот се изложени производи кои се од домашно македонско производство и кои досега беа достапни за купување директно oд капацитетите во фабриката во Велес.
На овој начин, со партнерството со популарниот сајт за онлајн продажба Ананас, се излегува во пресрет на приватни лица и помали правни субјекти од областа на здравството и козметологијата да можат набават опрема за лично користење и за обавување на својата дејност, на начин кој е во тек со светските трендови на купување.
На сајтот се достапни кревет за медицински преглед, столчиња за медицински преглед, медицински паравани, рефлектори, сталаци, отомани за физиотерапија и масажа, сервисни колички и други производи.
Палетата на БРАКО која ќе биде достапна на Ананас во иднина ќе се проширува и ќе биде од корист особено за постари лица и лица кои се соочуваат со одредени физички здравствени попречености и на кои им се потребни помагала за олеснување на секојдневното функционирање, дома и надвор од домот.
Сите големи нарачки на медицински мебел и натаму се возможни во директен контакт со производителот БРАКО.
(ПР)
Економија
Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз
Македонија денес се претставува на „Винскa визија на Отворен Балкан“ во Белград.
Оваа година 80 винарски визби се претставуваат на овој саем од кои што 68 се мали семејни винарии и 12 винарски визби кои што се дел од здружението „Wines of Macedonia“, а за првпат имаме и изложувачи на квалитетна македонска традиционална храна.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, рече дека ова е одлична можност македонските квалитетни вина да бидат промовирани на саемот.
Тој посочи дека е зголемена продажбата на македонското вино надвор од границите на државата.
„Република Македонија е на 22 место во светот по производство на вино, а се наоѓа на 29-то место по извоз на вино во светот“, заклучи министерот.
Трипуновски додаде дека Владата има за цел да се зголеми производството на вино во државата со што ќе се зголеми и извозот на истото во светот. Девизен прилив од извоз на вино за 2023-та година изнесуваше над 57 милиони евра.
„Нашите вина се продаваат во преку 40 држави во светот. А, најголем дел се пласира овде во регионот, односно на Балканот“, истакна тој.
„Како Влада продолжуваме посветено да работиме во делот на секторот винарство бидејќи е втора најзначајна гранка во Република Македонија по извоз и девизен прилив“, нагласи министерот Трипуновски.
Економија
Илон Маск го сруши сопствениот рекорд на богатство, има 347,8 милијарди долари
Богатството на американскиот тајкун Илон Маск достигна рекордни 347,8 милијарди долари во петокот, поттикнато од континуираните добивки во акциите на „Тесла“ и новата рунда на финансирање откако неговиот стартап со вештачка интелигенција беше проценет на 50 милијарди долари.
Многу компании на Маск забележаа пораст на нивната вредност откако изборната победа на Доналд Трамп го круниса со политичко внимание.
Акциите на Тесла пораснале за 3,8 отсто во петокот, продолжувајќи да го поттикнува оптимизмот дека плановите на тимот на Трамп за автономни возила и субвенции за електрични возила ќе и дадат предност на компанијата на Маск пред конкуренцијата.
Маск, најбогатиот човек на светот, сега го собори сопствениот рекорд од 340,4 милијарди долари поставен во ноември 2021 година, според индексот на милијардери на „Блумберг“.