Забава
(Видео) Хит на интернет: Жена упорно се обидува да му стави бензин на автомобилот „тесла“
Една жена стана хит на социјалните мрежи кога се појави видео на кое таа упорно се обидува да стави бензин во автомобилот „тесла“. Кога сфаќа дека не може да стави бензин, таа го враќа цревото назад, оди во автомобилот и го отвора багажникот. Потоа се потпира на возилото и почнува да се јавува на телефон.
Видеото предизвика смеа поради обидот на збунетата жена да го наполни со гориво електричниот автомобил. Таа надводно била застаната на бензинска пумпа во САД кога било снимено видеото од кое се гледа дека таа се обидува да му стави бензин на автомобилот „тесла модел С“.
Кога сфатила дека нешто не е во ред, тој го вратила цревото назад, влегла во автомобилот и го отворила и го затворила багажникот. Таа потоа се потпрела на возилото и почнала да се јавува. Во тој момент ѝ пришол еден случаен минувач кој, најверојатно, и објаснил дека електричното возило не може да се полни со гориво.
„Жената само се смееше“, пишува „Мирор.“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

