Забава
Набргу на пазарот геј-барбики и кенови
Американската компанија „Мател“ размислува за производство на геј-барбики и кенови, објави Си-ен-ен.
Но, поинтересен дел од приказната е како компанијата дојде до идејата да пласира играчки со хомосексуална ориентација.
Our news is now national! Thank you Good Morning America.
Gepostet von Matt Jacobi am Freitag, 14. Dezember 2018
Сè почна со хомосексуалната двојка Мет Џејкобс и Ник Капри, кои се заедно веќе 11 години. Тие сакаа да ѝ подарат на својата внука за роденден нешто што реално ги прикажува нивните семејни собири и заедница.
Мет и Ник од Аризона планираат да имаат венчавка во мај в година, а нивните две внуки треба да носат цвеќе на свадбената церемонија.
Со оглед на тоа што Натали, една од внуките, го прослави својот роденден на 8 декември и е среќна што е дел од свадбата и сака кукли, тие сакаа да ѝ подарат играчка што го обединува сето тоа.
Двојката наиде на совршен подарок во продавницата за играчки. Во сетот имаше младоженец, две девојчиња со цвеќиња, свадбена торта и невеста. Секаде каде што бараа, не можеа да најдат сет со двајца младоженци или две невести.
Но, тие се досетиле и купиле еден свадбен сет од Кен и Барби, но и дополнителна кукла од Кен. Потоа ја исфрлиле Барби од целата приказна и создале сопствен свадбен сет со два Кена.
Кога виделе колку нивната внука била одушевена од подарокот, двојката сакала да им даде таква можност и на другите семејства. Потоа Мет на „Инстаграм“ го објавил нивниот геј-свадбен сет во надеж дека ќе го привлече вниманието на „Мател“.
IT WORKED!! ❤️Mattel got back to me and we are setting up a meeting to discuss more. Thank you everyone for all your…
Gepostet von Matt Jacobi am Mittwoch, 12. Dezember 2018
Компанијата набргу реагира и се согласи да разговара со двојката за подобро да ја разработат оваа идеја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Ева Мендес за семејството и животот во 50-тите: Вака не го замислував мојот пат
Иaкo никогаш не го замислувала својот живот на 50 години, Ева Мендес живее во свој ритам – и не може да биде посреќна. „Не подлегнувам на притисокот на општеството. Што сакам да правам, правам“, вели актерката, која ги има ќерките Есмералда Амада (9) и Амада Ли (8) со Рајан Гослинг.
“Сигурно не мислев дека ќе имам деца и ќе бидам дома. Затоа, многу сум среќна што одреден маж влезе во мојот живот и ме натера да се предомислам за сите тие работи”, рекла таа. Пред 10 години таа ја напушти актерската кариера за да се фокусира на своите деца.
Таа вели дека тоа била „најлесната одлука“ што ја донела. „Кога забременив на 40-годишна возраст, беше страшно за другите. И кога повторно забременив на 42-годишна возраст, луѓето ми велеа: „О Боже мој, ќе бидеш толку уморна“, откри таа.
„Тоа е најглупавата работа што сум ја слушнала. Патем, потребно е само малку повеќе трпение. Мислам дека не бев подготвена за тоа во моите 20-ти, пиев и пушев. Дефинитивно не можев да подигнам деца во кое било друго време од мојот живот освен сега“, додава таа.
Една од најубавите жени на светот истакна дека е „среќна што се отишло во тој правец“.
Инаку, Мендес нема снимено ништо откако стана мајка. Нејзината последна улога беше во 2014 година. Покрај нејзината актерска кариера, таа е портпарол на голема козметичка компанија, модел и креативен директор на брендот за шминка „CIRCA Beauty“.
Забава
Емили Ратајковски го привлече вниманието со фустан кој повеќе открива отколку што крие
Емили Ратајковски присуствуваше на настанот The King’s Trust Global Gala што се одржа во Casa Cipriani во Њујорк, каде што ги привлече погледите со храбар фустан.
Познатата убавица носеше свилен крем фустан со длабоко деколте, кој допираше речиси до нејзиниот папок, а кој ја истакна нејзината витка линија. Фустанот имал и гол грб и бил врзан околу вратот.
The King’s Trust Global Gala е основана од британскиот крал Чарлс III. со цел да им се помогне на младите, а свечениот настан собра многу познати фаци, како моделот Ирина Шајк, актерката Кејт Бекинсејл, славната двојка Криси Тајген и Џон Леџенд, поранешната манекенка Кејт Мос и плус сајз моделот Ешли Греам.
Забава
Мишел Фајфер се појави на црвениот тепих, обожавателите се восхитени од нејзината убавина
Актерката Мишел Фајфер не се појавува често во јавноста, но сега позираше со сопругот Дејвид Е.Кели на црвениот тепих на Американскиот филмски институт во Лос Анџелес. Обожавателите се восхитуваат на нејзиниот изглед во 67-та година и пишуваат дека изгледа како да не старее.
Иконската жена-мачка често зборува за тоа како го прифатила стареењето и се фотографира без шминка. Иако изгледа како да го должи својот фантастичен изглед на посебни скриени трикови, таа тврди дека работата е многу едноставна.
Таа претходно за Daily Mail откри дека доволно спие, вежба и се храни здраво.