Македонија
(Видео) Жугиќ: Шилегов донесе непродуктивен буџет
Градоначалникот Шилегов, поддржан од владејачкото мнозинство во Советот на Град Скопје, донесе неразвоен, мегаломански и непродуктивен буџет. Град Скопје ќе потроши над 6,5 милијарди денари, но нема слух за суштинските потреби на скопјани. Нема решенија за загадениот воздух, нема нови улици, а гасификацијата останува заглавена, обвини советничката во Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Јелена Жугиќ.
„95 амандмани, од опозицијата, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ‘За подобра Македонија’ беа одбиени, со тоа Град Скопје и градоначалникот Шилегов одбија да градат булевари, нови паркови, сообраќајни решенија и немаат слух за решавање на проблемот со кучињата бездомници и нивниот хуман третман, нема средства за мерки за почист воздух, за почисто Скопје, нема никаква развојна компонента за културата во градот Скопје“, рече таа.
Шилегов и владејачкото мнозинство на СДСМ, додаде Жугиќ, одлучија да отфрлат и проекти што самите си ги предвидоа во својата програма, со што практично тие не ја исполнуваат сопствената програма и ветувањата, што значи дека директно признаваат дека ја лажеле и манипулирале јавноста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

