Македонија
Заев: Нема да ја препуштиме на случајност реализацијата на преспанскиот договор
Секоја средба со пријателите од САД е мотивација за наш уште поактивен придонес за мир и стабилност во земјата и регионот, изјави премиерот Заев на заедничката прес-конференција со заменик-државниот секретар на САД, Џон Саливан, кој престојува во посета на земјава.
На средбата, на која од страна на Владата присуствуваа и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски, како и членови на кабинетот на премиерот, Заев истакна дека оваа посета на висок претставник на администрацијата на САД е уште еден доказ за постојаната и конструктивна поддршка на оваа земја за Република Македонија.


На заедничката прес-конференција, по билатералната средба меѓу двете делегации, премиерот Заев потсети дека стратешкото партнерство меѓу двете земји постојано се афирмира со сите меѓусебни средби и посети на високо ниво.
„За време на разговорот потенцирав дека во Република Македонија создаваме услови за политички амбиент кој ќе ја овозможи реализацијата на договорот од Преспа во целост, дека ги сведуваме ризиците на минимум и дека нема да ги препуштиме процесите на каква било случајност. Успешната завршница во Собранието на овој процес е нашиот билет за членство во НАТО“, информира за средбата премиерот Заев на прес-конференцијата.
Тој на конференцијата за медиумите дополни дека на средбата со заменик-државниот секретар Саливан станало збор и за актуелниот процес за уставните измени во Собранието, со чија успешна завршница ќе се забрза имплементацијата на договорот од Преспа, со што ќе се овозможи членството на Република Македонија во Европската Унија и НАТО.
Владата на Македонија, рече премиерот Заев на прес-конференцијата, паралелно со овој процес, со иста енергија, продолжува со реформите во правосудството, безбедносните служби и јавната администрација за да испорача кредибилни резултати со кои ќе се потврди одлуката на Советот на ЕУ за отворање преговори за членство во ЕУ.

Осврнувајќи се на ситуацијата во регионот, премиерот нагласи дека Република Македонија останува цврсто на својата улога да биде фактор на поврзување меѓу земјите во регионот и да ги охрабрува лидерите на земјите од Западен Балкан да бидат посветени на одржување на мирот, стабилноста и регионалната соработка.
„Република Македонија е охрабрена и инспирирана од секоја средба со нашите пријатели од САД. Остануваме во тесна соработка за исполнувањето на нашата стратешка цел да станеме членка на НАТО и ЕУ за да продолжиме уште поактивно да придонесуваме во евро-атлантските структури за мир, стабилност и просперитет на сите нации што се дел од истото семејство“, рече Заев.

Џон Саливан на прес-конференцијата нагласи дека неговата посета тука и средбите што ги остварува се во името на силната поддршка на САД за храбрите одлуки што ги презедоа и реализираа премиерот Заев и другите лидери во Република Македонија како земја што претставува клучна алка за мирот и стабилноста во регионот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Македонија
Двегодишно дете со тешки телесни повреди од Битола пренесено во Скопје, го нападнале кучиња скитници додека си играло
Лекарите од Клиничката болница во Битола вчера во полиција приавиле дека примиле двегодишно дете со тешки телесни повреди по напад од кучиња скитници.
„Доктор од Клиничка болница Битола пријави дека кај нив со тешки телесни повреди е донесено двегодишно дете од Битола, кое, според пријавеното, додека си играло во близина на семејната куќа во Битола, било нападнато од кучиња скитници. Детето е пренесено во Комплекс клиники ’Мајка Тереза‘ во Скопје“, соопшти МВР.
СВР Битола презема мерки за расчистување на настанот.

