Свет
ФБИ почна истрага против ФЕТО, можна е екстрадиција на Фетула Ѓулен
ФБИ почна истрага против терористичката организација ФЕТО, која стои зад неуспешниот пуч во 2016, изјави министерот за внатрешни работи на Турција.
Мевлут Чавушоглу говореше во парламентот, каде што посочи дека ФБИ, конечно, го гледа вистинкото лице на оваа терористичка група.
„ФБИ почна сериозна истрага против ФЕТО во 15 држави“, изјави Чавушоглу.
„Односно, уапсени се неколку осомничени лица во неколку држави, вклучувајќи ја Њу Џерси“.
Чавушоглу вели дека за време на скорешниот Г20-самит во Аргентина, претседателот Доналд Трамп се сретнал со претседателот Реџеп Таип Ердоган и посочил дека САД прават напори за екстрадиција на лидерот на ФЕТО, Фетула Ѓулен, во Турција, од неговото долгогодишно место на живеење, Пенсилванија.
Турција веќе долго време се жали на неактивноста на САД да го екстрадира Ѓулен.
Групата ФЕТО и нејзиниот лидер Фетула Ѓулен стојат зад неуспешниот пуч во Турција што се случи на 15 јули 2016. Во нападите загинаа 251 лице, а 2.200 беа повредени.
Анкара тврди дека ФЕТО исто така стои зад долгогодишната кампања со која групата сака да ја урниса државата преку инфилтрирање во институциите, особено војската, полицијата и судството на Турција.
ФЕТО е организација која е многу присутна надвор од границите на Турција и особено е позната по тоа што управува со приватни училишта преку кои се влеваат средства со кои се финансираат терористички активности.
Училиштата управувани од страна на ФЕТО се справуваа и со правни прашања поради финансиски проблеми, злоупотреба на јавни средства, како и злоупотреба на имиграцискиот процес.
Од 2017 година ФЕТО управуваше со 136 училишта во 28 држави, а искористи и над 2,1 милијарди долари од американски даноци, пренесува „Си-би-ес њуз“ од САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Унгарија ги осуди иранските напади врз заливските држави
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Унгарија, Петер Сијарто, изјави дека Будимпешта најостро ги осудува иранските напади врз суверенитетот и територијалниот интегритет на заливските држави.
Како што наведе, нападите насочени кон Обединетите Арапски Емирати, Катар, Бахреин, Кувајт и Саудиска Арабија претставуваат сериозна закана за регионалната безбедност.
„Секој чекор што води кон ескалација на конфликтот е неприфатлив и дополнително ја зголемува нестабилноста на Блискиот Исток. Безбедноста и стабилноста на регионот се од глобален интерес, а Унгарија поддржува деескалација“, порача Сијарто во објава на социјалната мрежа Икс.
Тој додаде дека Унгарија изразува солидарност со своите партнери во регионот, кои, според него, се изложени на континуирани напади.
Свет
(Видео) Израелската армија објави снимка од нов голем напад врз Техеран
Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија снимка од воздушен напад врз, како што наведуваат, „штаб на иранскиот терористички режим“ во Техеран.
На видеото се гледа уништување на две згради во иранската престолнина.
Претходно, војската соопшти дека спроведува бран обемни напади врз „цели на иранскиот терористички режим во срцето на Техеран“.
צפו בתיעוד ראשון מהמטס הרחב של חיל האוויר בלב טהראן
מצורף תיעוד מהדקות האחרונות של השמדת מפקדה של משטר הטרור האיראני בלב טהראן pic.twitter.com/jGSpx0oo2Y
— צבא ההגנה לישראל (@idfonline) March 1, 2026
Свет
(Видео) Експлозии одекнуваат низ Техеран откако Израел најави широк напад во срцето на иранската престолнина
Нови експлозии одекнуваат низ Техеран, а снимки и фотографии од густ чад се појавуваат на социјалните мрежи.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) пред нешто повеќе од половина час објавија дека почнале напади врз срцето на Техеран.
तेहरान के ऊपर विशाल धुएँ के कॉलम उठ रहे हैं, इज़रायली हमलों के बाद। क्या ये मिडिल ईस्ट का नया युद्धक्षेत्र बन गया? #TehranUnderAttack #IsraelIranWar#Iran #Khamenei #Israel #Tehran #Teheran #IranRevoIution2026 #IranWar pic.twitter.com/IllTWLSKhe
— Mayank Tiwari (@imayanktiwari) March 1, 2026
„Воздухопловните сили, водени од военото разузнавање почнаа широк бран напади врз цели на иранскиот терористички режим во срцето на Техеран“, се наведува во соопштението на армијата.
Војската додава дека во текот на изминатиот ден биле спроведени обемни напади со цел да се обезбеди воздушна надмоќ и да се отвори патот кон Техеран.
Фото: ЕПА

