Контакт

Македонија

Жерновски: Посветеноста на Владата беше препознаена, Македонија ќе биде 30-та земја членка на НАТО

Објавено пред

Во Подгорица се одржа состанокот на партнерската комисија на САД – Јадранската повелба на ниво на министри за надворешни работи на земјите членки и набљудувачи на Повелбата.

dobivaj vesti na viber

За време на состанокот беше усвоено заедничко коминике во кое се потенцира дека НАТО ќе ја продолжи политиката на отворени врати за прием на нови членки, што беше и приоритет на црногорското претседателствување со Повелбата.

„Во коминикето се поздравува историскиот договор меѓу Република Македонија и Грција и дека тој го отвора патот на земјата кон членство во НАТО и ЕУ. Се поздравува одлуката на алијансата да ја покани Македонија да ги почне пристапните разговори за членство на земјата во НАТО честитајќи за преземените чекори на земјата за спроведување на пристапниот процес и успешно завршување на пристапните разговори на Република Македонија со алијансата. Во оваа пригода беше упатено охрабрување за натамошна имплементација на чекорите што следуваат, со што ќе се овозможи членство на Република Македонија во НАТО“, се наведува во соопштението на македонското Министерство за надворешние работи.

Од МНР додаваат дека министрите, истакнувајќи го значењето од приемот на Република Македонија во НАТО како 30-та земја членка, во коминикето се заложиле за натамошна силна поддршка со уверување дека со членството на земјата во НАТО значително ќе се придонесе за регионалната безбедност и стабилност.

Заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, имаше свое излагање за време на состанокот, каде што го истакна значењето на петнаесетгодишното постоење на САД – Јадранската повелба како значаен формат за унапредување на регионалната соработка и поддршка за земјите на патот за евро-атлантските интеграции.

„Силната посветеност на македонската Влада, упорноста и политичката енергија во напорите да ги реализираме стратешките интереси на нашата земја, беа препознаени од нашите НАТО и ЕУ-партнери и затоа Република Македонија ќе биде 30-та земја членка на НАТО“, истакна Жерновски на состанокот.

Истакнувајќи ја важноста од зајакната меѓусебна соработка, Жерновки ја акцентира потребата за унапредување на комуникацијата и натамошната заедничка поддршка како одговор на новите безбедносни предизвици, но и во поддршка на процесите што ќе овозможат заокружување на европските и евро-атлантските интеграции на земјите од регионот.

Во оваа пригода Жерновски, заедно со другите шефови на делегации, оствариле средба и со претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ. На средбата се разговарало за актуелната политичка состојба во регионот и безбедносните предизвици со кои тој се соочува, ги реафирмирале потребата и подготвеноста за зајкната меѓусебна соработка и заедничките напори за натамошен придонес кон обезбедување натамошна безбедност и стабилност во регионот.

Следна земја претседавач со САД – Јадранската повелба ќе биде Република Албанија.

Македонија

МОН објави јавни повици за кариерен развој на наставниците и стручните соработници

Објавено пред

Од

Министерството за образование и наука објави два јавни повици за кариерен развој на наставниците и стручните соработници во основните и во средните училишта.

dobivaj vesti na viber

За прв пат наставниците-ментори во основните училишта можат да напредуваат во наставници-советници, а за наставниците во средните училишта се воведува можност да стекнат звање наставник-ментор. Кариерен развој за прв пат ќе имаат и стручните соработници во основните и средните училишта. Продолжува и процесот на унапредување на наставниците од основното образование во наставници-ментори.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска вели дека кариерниот развој не е важен само за наставниците, туку директно влијае на квалитетот на воспитно-образовниот процес.

„Го деблокираме процесот на кариерен развој. Сакаме наставниците да вложуваат во квалитетно образование на младите, затоа како Влада и Министерство отвораме можности тие да напредуваат преку валоризирање на трудот, искуството и резултатите. Младите наставници треба да имаат поддршка од поискусните колеги-ментори а нам, како креатори на политики, значаен ни е придонесот на наставниците-советници“, објасни Јаневска и ги повика наставниците да се вклучат во процесот на кариерен развој.

Во двата јавни повика, објавени на веб-страната на Министерството за образование и наука, наведени се бројот на наставници и стручни соработници кои може да се стекнат со звања, по општина и училишта. Барањата за напредување во звања, наставниците и стручните соработници можат да ги достават најдоцна до 23.9.2025 година.

https://mon.gov.mk/content/?id=10286

https://mon.gov.mk/content/?id=10285

Прикажи повеќе...

Македонија

ДУИ со повик до партиите да го поддржат законот за ветинг

Објавено пред

Од

ДУИ упати повик до сите политички партии да  го поддржат предлог-законот на ДУИ за ветинг.

dobivaj vesti na viber

Според партијата, процесот на ветинг е неопходен и клучен за да се изгради довербата на граѓаните во правдата, институциите и државата.

„Нашиот став е јасен и непроменлив: им упатуваме повик на сите парламентарни политички партии да го поддржат предлог-законот на ДУИ за ветинг со меѓународен надзор, еден сеопфатен и бескомпромисен процес што ќе ја врати довербата на граѓаните во правосудството и институциите, го повторуваме нашиот одамнешен став за истрага против сите политички партии, без исклучок, за периодот од изминатите 33 години, бараме проверка и контрола на потеклото на имотот на сите носители на јавни функции во последните 33 години: министри, пратеници, градоначалници, директори, судии, обвинители – сите, без исклучок; ја потенцираме потребата од длабoка истрага на процесот на приватизација, кој во многу случаи служеше како основа за создавање на недопирливи олигарси. Ова темно поглавје не смее да остане нерасчистено. Правдата не се мери со изјави, туку со конкретни одлуки, бараме исто така истрага за дејствувањето на безбедносните служби на државата, како и за функционерите кои биле дел од тие служби од 1945 година наваму: ОЗНА, УДБ-а, СДБ, ДБК, УБК, АНБ“, изјави потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми.

Според него, ова не е само политички проект, ниту пак стара заложба на ДУИ, туку услов за правда и за поправедна иднина за сите граѓани.

Прикажи повеќе...

Македонија

Отворена нова градинка „Верверичка“ во Кисела Вода

Објавено пред

Од

Во населбата 11 Октомври Згради во општина Кисела Вода денеска беше отворена новата градинка „Верверичка“, како дел од ЈДГ „Весели Цветови“.

dobivaj vesti na viber

Градинката е изградена во финансиско партнерство помеѓу Општина Кисела Вода и Комерцијална банка, која со донација од 6 милиони придонесе за реализација на овој проект, вреден над 14 милиони денари.

Новата градинка се простира на површина од 525 м², располага со 6 занимални, 4 воспитни групи и јасли, и овозможува згрижување на 125 деца. Оваа инвестиција директно ја решава проблематиката со недостиг на места во градинките.

Со отворањето на денешниот објект, изградбата на уште две градинки кои се во тек, претходно отворените две градинки и петте градинки кои беа доградени, во моментот во Кисела Вода, за прием чекаат само 20-тина дечиња, велат од Општина Кисела Вода.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија39 минути

Кривична пријава за градоначалникот на Кичево – дозволил дива депонија во населена зона во градот

Полицијата поднесе кривична пријава против градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно...

Македонија1 час

(Видео) Лефков: Шоферот на Заев уапсен за подметнување пожар во Струмица

Во изминатиов период кажувавме дека голем дел од пожарите низ државата се подметнуваат од структури блиски до СДС, а денес...

Македонија2 часа

Мицкоски: Проектот за студентските домови, конечно, излезе од лавиринтите на бирократијата

Премиерот Христијан Мицкоски денеска при посетата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје изјави дека рехабилитацијата на студентските...

Македонија3 часа

Гори во Радовиш, Берово, Прилеп – активни седум пожари, три под контрола

Во текот на измнинатото деноноќие на територијата на државата евидентирани се вкупно 27 пожари на отворен простор. Од нив, седум...

Македонија3 часа

Кривична против директорка во Виница, си ја вработила ќерката во истото училиште иако немала соодветно образование

Полицијата поднесе кривична пријава против Г. С. (45) од Виница, директорка во основно училиште во овој град, поради несовесно работење...

Македонија4 часа

Поништена јавната набавка за 120 електрични eкоавтобуси, се пријавила една фирма што не исполнувала услови

Министерството за транспорт ја поништи јавната набавка за избор на понудувач за набавка на 120 електрични еколошки автобуси за јавен...

Македонија4 часа

ВМРО-ДПМНЕ го оцени како ефикасно справувањето со пожарите во Македонија во споредба со земјите од регионот

ВМРО-ДПМНЕ оценува дека институциите под водство на оваа Влада успешно реагираат на пожарите кои ги зафатија повеќе подрачја во Македонија,...

Македонија5 часа

Комисијата утврди дискриминација врз професионалните војници – синдикатот бара итни законски измени

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди индиректна дискриминација врз професионалните војници од страна на Министерството за одбрана, информира...

Свет5 часа

Русија: Сведоци сме на враќање на нацизмот на Западот

Сведоци сме на враќање на нацизмот на Западот, а Русија сама води борба против целиот тој регион, тврди рускиот министер...

Регион6 часа

(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот. Снимка од...

Свет7 часа

(Видео) Огромни поплави во Пекинг, триесет загинати

Триесет лица загинаа вчера во Пекинг кога обилни врнежи ја погодија кинеската престолнина, јави денес официјалната новинска агенција. Смртни случаи...

Македонија16 часа

(Видео) Македонецот кој спречи терористички напад во авион: „Реагирав инстинктивно“

На летот од Лондон до Глазгов се случи инцидент, откако еден од патниците извика дека има бомба, со слогани „Смрт...

Свет18 часа

Трамп го скрати рокот: Му давам на Путин уште 10 до 12 дена

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го скратува претходниот рок од 50 дена што му го дал на рускиот претседател...

Регион20 часа

Пожари беснеат на Балканот: илјадници се евакуирани, гори и во близина на популарна туристичка дестинација во Албанија

Пожарникарите денес се обидуваат да изгаснат шумски пожари во три одделни покраини во Турција, Грција, во близина на туристичка дестинација...

Македонија23 часа

И јас ќе ги прашам Фетаи и Меџити дали користеле службени возила за приватни или партиски цели, вели Мицкоски

Десет дена по медиумските објави, во кои се гледаат службени возила на вицепремиерите Изет Меџити и Арбен Фетаи нешто пред...

Македонија1 ден

Мицкоски за интерпелацијата на Коцевски: Јас не ги менувам ставовите преку ноќ

На еден ден пред расправата за интерпелацијата на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, поднесена од партијата Левица, премиерот Христијан Мицкоски...

Македонија1 ден

Споменик на Андон Лазов Јанев-Ќосето поставен на кружниот тек во Автокоманда

Споменикот на Андон Лазов Јанев – Ќосето, кој беше отстранет од пред комплексот судови, е поставен на кружниот тек во...

Спорт1 ден

(Видео) Македонски судија нападнат на кадетското Европско првенство во бокс

Извор и фото/ b92.net Заврши Европското првенство за кадети и кадетки (ученици на возраст од 13 и 14 години), кое...

Македонија1 ден

Во изминатото деноноќие имало 51 пожар во Македонија, денеска активни осум

Во текот на изминатото деноноќие, 27/28.07, на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 51 пожар, од кои осум се...

Свет1 ден

Рубио: Трамп го губи трпението со Путин, размислува за драстични мерки

Претседателот на САД, Доналд Трамп, е сè повеќе фрустриран од недостатокот на напредок на Русија кон мировниот договор и сега...