Свет
САД меѓу најнебезбедните земји за новинарите

Убиството на саудискиот колумнист Џамал Кашоги ја одразува омразата кон медиумите во многу области на општеството, тврди организацијата за слободата на печатот, „Новинари без граници“.
Најмалку 63 новинари беа убиени оваа година, што претставува пораст од 15 отсто во однос на минатата година, додаваат тие. Оваа бројка е уште поголема ако се земат предвид и граѓанските новинари, се вели во нивниот годишен извештај.
Меѓу петте најсмртоносни земји во светот за новинарите се и три каде што нема војна или немири – Индија, Мексико, а првпат и САД, каде што ладнокрвно беа убиени новинари, истакна организацијата во извештајот.
Генералниот секретар, Кристофер Делор, потенцира дека омразата што бескрупулозните политичари, верски лидери и бизнисмени ја шират придонесува за зголеменото насилство кон новинарите.
Од организацијата „Новинари без граници“ додаваат дека трите најопасни земји за работа за новинарите се Авганистан, Сирија и Мексико.
Оваа година заробени се 348 новинари во целиот свет, што повторно претставува пораст во споредба со 2017 година кога оваа бројка изнесуваше 326. Повеќе од половина од заробените новинари се во Кина, Турција, Иран, Саудиска Арабија и од Египет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Фото) Авион на „Рајанер“ удри во ограда на грчки аеродром, оштетено крилото

Авион „боинг 737 MAX 8-200“ на „Рајанер“ претрпел оштетување на врвот на десното крило кога удрил во заштитна ограда при движењето на аеродром во Грција. Нема повредени патници или членови на екипажот, а авионот оттогаш е вратен во употреба.
Летот „ФР6080“ на „Рајанер“ полетал од аеродромот „Станстед“ во Лондон вчера во 9 часот наутро. Иако патниците пријавиле дека доживеале турбуленции за време на летот, авионот безбедно слета на меѓународниот аеродром „Каламата“ во 14.24 часот по локално време.
Ryanair flight FR6080 Right winglet hit a fence at Kalamata airport in Greece during taxiing after landing.
The Boeing 737 aircraft had arrived from London Stansted when the incident happened.
Ryanair spokesperson said the aircraft had landed safely, but as it taxied, “the… pic.twitter.com/4cKoHi5Pk8
— FL360aero (@fl360aero) June 19, 2025
По слетувањето на јужната писта, авионот скршнал од пистата кон платформата. За време на движењето неговото десно крило удрило во црвено-бела заштитна ограда и застанало. Фотографиите објавени на интернет покажуваат дека долниот дел од закрилата виси лабаво, делумно одвоен од остатокот од структурата.
Свет
Ирански нуклеарен научник убиен во напад во Техеран, тврдат израелските медиуми

Ирански нуклеарен научник е убиен во напад во Техеран, објавија израелските медиуми.
Нападот, според државната телевизија „Кан“ и други локални извори, се случил во иранската престолнина.
Ни Техеран ни Тел Авив сè уште официјално не ги коментирал тврдењата, но Израел и претходно, за време на конфликтот, нападна нуклеарни научници.
Свет
Макрон: Нападите врз цивилите и инфраструктурата мора да престанат, Иран мора да се врати на преговорите

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека нападите врз цивили и цивилна инфраструктура во тековниот конфликт меѓу Израел и Иран мора да престанат.
Макрон ја даде изјавата пред новинарите по пристигнувањето на аеромитинг во близина на Париз.
„Франција со денови има јасна и едноставна позиција: нема оправдување за напади врз енергетски објекти и цивили“, рече Макрон.
Тој додаде дека Иран мора да ја покаже својата подготвеност да се врати на преговарачката маса.