Македонија
Димитров: Македонија е добра вест, на Европа ѝ требаат добри вести

Македонија е добра вест во време кога на Европа ѝ требаат добри вести. Да ја препознаеме шансата и да го направиме напредокот неповратен. Ова го порача министерот за надворешни работи, Никола Димитров, од Брисел, каде што одржа средба со постојаните претставници на земјите членки на Европската Унија (КОРЕПЕР), во организација на постојаниот претставник на Австрија во својство на претседавач со Советот на Европската Унија.
Министерот од соговорниците побара продолжување на континуираната поддршка на ЕУ и нејзините земји членки за европската перспектива на Република Македонија.
На состанокот, Димитров, сумирајќи ги активностите во изминатата година, го поздрави засилениот фокус на Унијата врз регионот на Западен Балкан и изрази очекување дека тој ќе продолжи и в година. Тој се осврна на активностите поврзани со имплементацијата на договорот од Преспа и процесот на уставните измени, како и на клучните реформски активности, особено оние што произлегуваат од јунските заклучоци на Советот на ЕУ. Притоа Димитров ги нагласи посветеноста и решеноста, и покрај деликатноста на процесите, да се продолжи по зацраниот пат на европска интеграција.
На состанокот беа разменети мислења и за последните случувања во регионот и беше изразена надеж дека следниот јуни ќе биде донесена формалната одлука за почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15 l/m²) и услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степена.
Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.
Времето во наредните денови
До петок ќе преовладува претежно стабилно време со постепен пораст на дневната температура.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 10.00 до 14.30 часот, корисниците на улица Нерешка со број 10,12,14 и 16. (Општина Карпош)
Македонија
Наградени ќе бидат полицајците кои вчера ја спасија жената во Вардар

Министерот Панче Тошковски, се сретна со полициските службеници Кристијан Стефановски и Жико Ѓорѓиевски – хероите кои вчера ја спасија жена во водите на реката Вардар.
Министерот на средбата со нив уште еднаш потенцираше дека важноста на полицијата и нејзината вистинска сила и влијание врз животот и благосостојбата на граѓаните се гледа во најтешките човечки моменти.
„Херојските дела како вашето, кога директно се спасува човечки живот е повеќе од службено постапување, тоа е вистинска пожртвуваност и посветеност кон мисијата да се чува безбедноста и сигурноста на секој граѓанин и целото општество.“, потенцираше министерот Тошковски при честитките до двајцата полициски службеници за нивната херојска постапка.
Тој нагласи дека во рамките на законските можности тие ќе бидат наградени за нивната херојска постапка која е инспирација за сите нас унапредувањето на хуманиот аспект на нашите дела и постапки како обични луѓе и професионалци.