Регион
Целиот Балкан мора итно да влезе во Европа, смета поранешен австриски вицеканцелар
 
																								
												
												
											Поранешниот австриски заменик-канцелар Ерхард Бусек смета дека ЕУ мора да ја промени својата стратегија кон Западен Балкан и веднаш да ги приклучи сите земји од тој регион.
Бусек на синоќешната дискусија на тема „Европа и ти: биланс од австриското претседателство и перспективите на изборите за Европскиот парламент“ во Виена изјави дека е апсурдно да се игра лекар и да се обиде да се поправи нешто.
„Ни јужниот дел на Италија не е зрел за ЕУ, но сепак е во Унијата. Нам итно ни е потребен целиот Балкан во ЕУ. Сè друго би било реално неправедно“, истакна шефот на виенскиот институт IDM.
Бусек рече дека многу инструменти на ЕУ се застарени, а во тоа, како што рече, спаѓа и ротирачкото претседателство.
„Не сум сигурен колку е тоа корисно“, истакна тој.
На собирот научниот соработник на IDM, Силвија Наџиван, го претстави документот „Јасни визии и итни мерки што може да се реализираат“.
Овој документ го нагласува, пред сè, големиот проблем со заминувањето на населението од Западен Балкан.
Таа исто така истакна дека е неопходно и зголемување на дејствувањето против, како што ги нарече, стабилократите, односно авторитарните владетели, со ориентација кон раководство на рускиот претседател, Владимир Путин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
 
																	
																															Регион
Почина поранешниот албански премиер Фатос Нано
 
														Поранешниот албански премиер и лидер на албанската левица по падот на комунизмот, социјалистот Фатос Нано, почина денес во Тирана на 73-годишна возраст, објави сегашниот албански премиер Еди Рама.
Поранешниот албански премиер Фатос Нано почина на 73-годишна возраст по неколку неделно лекување во приватна болница во Тирана, каде што беше хоспитализиран во тешка состојба по срцев удар, според написите на медиумите во регионот.
Веста ја објави и „Euronews Albania“, наведувајќи дека Нано бил во тешка состојба со недели пред да им подлегне на компликациите.
Нано е една од клучните политички фигури на албанскиот транзициски период: основач и прв лидер на Социјалистичката партија и премиер во три мандати — кратко во 1991 година, потоа 1997–1998 и 2002–2005 — со улога во модернизацијата на левицата и европеизацијата на политичкиот систем во Албанија.
Регион
Србијавоз: Железничкиот сообраќај во Србија е прекинат поради дојава за бомба
 
														Железничкиот сообраќај низ цела Србија е привремено суспендиран поради анонимна дојава за експлозивни направи, објави Србијавоз на својата официјална веб-страница.
„Србијавоз д.д. ги информира корисниците на услугите дека на 31 октомври 2025 година е примен повик со анонимна дојава дека на сите возови и пруги се поставени експлозивни направи“, се вели во соопштението.
Компанијата наведува дека „интензивно соработува со Министерството за внатрешни работи за решавање на ситуацијата“ и дека е „принудена привремено да го суспендира работењето на сите возови со цел да се заштитат животите на патниците и екипажите на возовите“. На патниците им се советува да добијат информации пред поаѓање преку официјалната веб-страница www.srbijavoz.rs или преку кол-центарот.
Според достапните информации, возовите биле запрени на неколку линии низ земјата. Возовите запреле во Инѓија во Војводина, а слична ситуација е забележана и во Смедеревска Паланка, каде што патниците биле евакуирани. Возот што сообраќал во близина на Ресник бил исто така запрен. Патниците наведуваат дека возот што се упатува кон Суботица застанува во Нови Сад, додека според апликацијата „Србија Воз“, сите возови на линијата Нови Београд – Петроварадин се откажани.
Претставничката на Партијата за слобода и правда, Јелена Милошевиќ, објави дека пристигнале пријави за бомби пред утрешните протести во Нови Сад, на годишнината од падот на настрешницата на железничката станица.
„Испробан и вистинит рецепт за големи собири – закани со бомби. Возот 2900 Ниш-Белград бил запрен во Смедеревска Паланка, патниците биле евакуирани, возот е запрен во близина на Ресник, а сите возови на северот од земјата се запрени. Властите ги малтретираат граѓаните затоа што се плашат од нив“, напиша Милошевиќ.
Вакви закани и прекини во сообраќајот се случиле и претходно – на пример, во пресрет на големиот протест во Белград на 15 март, кога железничкиот сообраќај беше прекинат поради наводни пријави за експлозивни направи.
фото:илустрација
Регион
(Видео) Уапсен опозициски политичар во Србија
 
														Полицијата го уапси го уапси Миша Бачулов, член на градскиот совет и претседател на граѓанската група „Буди херој“ во Нови Сад.
Медиумите блиски до претседателот на Србија, Александар Вучиќ, тврдат дека се сомнева дека Бачулов планирал да лажира сопствено труење и да го обвини српскиот претседател Александар Вучиќ и државниот врв за обид за убиство. Според нивните извори, целта на наводната инсценација била да се предизвика бунт кај граѓаните за време на утрешните протести во Нови Сад и да се поттикнат конфликти и насилство на улиците.
Објавено е видео од апсењето, кое покажува дека истото го извршиле специјални полициски службеници во полна опрема.
SRAMNO!
Pripadnici Uprave kriminalisticke policije malo pre su u Novom Sadu uhapsili Mišu Bačulova.
Navodno je hteo da se otruje i da za to optuži Vučića. Kako bi izazvao masovne proteste sutra u Novom Sadu?!
Sad će sve da nas hapse pod izgovorom da ne dignemo ruku na sebe! pic.twitter.com/iaa0YToQ1O
— 1. NOVEMBAR (@novosadske) October 31, 2025
Бачулов, познат по своите критички изјави против владата, претходно учествувал во организирањето на протести и политички акции на опозицијата во Војводина. Министерството за внатрешни работи сè уште официјално не ги објави деталите за апсењето.
Зборуваме за човек чие видео пред неколку недели Вучиќ го објави на телевизија, обидувајќи се да сугерира дека имал некаква


 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											