Македонија
Ахмети: Поддршка за финализирање на дијалогот помеѓу Косово и Србија во согласност со волјата на граѓаните
Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети во Тетово се сретна со Амбасадорот на Република Косово во Македонија, Ѓерѓ Дедај.
Ахмети за време на средбата најпрвин му честиташе на Амбасадорот за именување, а потоа изрази и искрени желби за успех во работата и го увери Дедај за неговата лична и поддршката на Демократската Унија за Интеграција.
Ахмети и Дедај дискутираа за уставните измени, владеењето на правото, дијалогот Приштина- Белград и општо за политичката ситуација во земјата и регионот.
Претседателот Ахмети ја повтори потребата сите институции во земјата да дадат конструктивен придонес во насока на заокружување на процесот за имплементирање на Преспанскиот Договор и да не го попречуваат тоа.
Ахмети изрази поддршка и за финализирањето на дијалогот помеѓу Косово и Србија во согласност со волјата на граѓаните спроведено од страна на демократските и легитимните институции во Косово. Тој меѓудругото го поздрави и формирањето на војската на Косово како чекор кон постигнување на евроатлантските стандарди.
Соговорниците ги констатираа одличните односи помеѓу Македонија и Косово и се заложија за понатамошно продлабочување и унапредување на соработката, посочија од кабинетот на Ахмети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Ако лажат британските медиуми и „нема легални и нелегални мигранти“ – Мицкоски нека ја потпише Резолуцијата!“, бара СДСМ
„Христијан Мицкоски тврди дека британските медиуми, кои објавија дека се договара прифаќање мигранти во Македонија за пари, лажат. Исто така, тврди дека „нема легални и нелегални мигранти“. Значи, според Мицкоски, сите лажат“, велат од СДСМ.
„Ако е навистина така, тогаш зошто Мицкоски не ја потпишува Резолуцијата? Што чека? Зошто одолговлекува и бега?
Еве, нека ја потпише Резолуцијата на СДСМ. Со само еден потпис ќе ги расчисти сите сомнежи и дилеми.
Ние сме конструктивни и транспарентни од првиот ден. Резолуцијата е јавно објавена и сите ја видоа.
Граѓаните бараат дела – конкретен чекор од Мицкоски, а не празни зборови.
Затоа што за граѓаните неговите зборови одамна не важат, поради сите ветувања што не ги исполни. Како и ветувањето дека ќе се повлече од политиката ако се докаже поврзаност со Агенцијата за обезбедување во Кочани. А има и многу други неисполнети ветувања. Списокот е долг.
Мицкоски веднаш нека ја потпише Резолуцијата, а не да ја руши со контра Резолуции. Потпиши и нема мигранти. Толку е едноставно.
Ако одбива да потпише – тогаш сè е јасно: Мицкоски не ја зборува вистината, а договор за мигранти сепак има“, соопшти СДСМ.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.

