Македонија
Синдикатот на Клинички го прекина протестот, ќе си ја вратат сопственоста на паркингот
Синдикатот на Клиничкиот центар го прекина протестот поради, како што велат, почнатата постапка за владение на паркингот на ЈЗУ Клинички центар и договорената средба на Синдикатот на Клиничкиот центар со премиерот за 24 или 25 декември. Во моментот со паркингот стопанисува ЈП „Градски паркинг“.
Оваа средба ја иницира и ја бараше Синдикатот на Клиничкиот центар.
„Сметаме дека на така организирана средба, поради евентуални спротивни ставови и барања, постои потенцијална можност за непотребни конфликти на претставниците на двата синдиката на тој состанок. Поради тоа и поради актуелната состојба, Синдикатот на Клиничкиот центар е на став дека на оваа средба треба самостојно да преговара со премиерот“, велат од Синдикатот.
Тие потсетуваат дека во два наврата побарале од министерот за здравство да го информира премиерот за овој став на Синдикатот на Клиничкиот центар и да ги извести за одговорот.
Протестите на вработените во Клиничкиот ценатар почнаа пред две недели кога Град Скопје најави покачување на цените на паркингот за вработените од „Мајка Тереза“ од 300 на 800 денари месечно. Здравствените работници побараа Град Скопје да ја поништи одлуката, а Шилегов веднаш со одлука и договор да го даде паркингот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него“, вели ВМРО-ДПМНЕ
„ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него, им сугерира и број на гласачко ливче. По објавениот документ од кој се гледа како Битиќи бара од компании да го поддржат затоа што им исплаќал државна помош тој требаше да се повлече од политиката“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Фактот што Битиќи не само што не се повлече, туку и не се извини, говори како СДС и ДУИ ја заробија државата и како 100тина функционери управуваат со државата како да е нивен личен имот.
ДКСК не смее да чека, да отвори случај и да се отвори постапка и пред другите институции.
Злоупотребите на институциите мора да запрат. По 8ми мај ќе се стави крај ма ваквите практики, а таквите како Битиќи ќе се соочат со одговорност“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степени.
Во Скопје променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, освен во недела кога ќе биде претежно стабилно и потопло. Во сабота ќе дува засилен северен ветер.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.