Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски за пукањето во Чаир: Од каде толку оружје во Скопје?
Не поминува месец без вооружена пресметка на улиците во Скопје. Градот стана целосно небезбеден, а Спасовски ги крие срамните статистики за ниската реализација на полицијата на која ѝ ги врзаа рацете. Вчера, 15 минути пред 18 часот, од огнено оружје среде Скопје, на фреквентна локација во општина Чаир, е рането едно лице, кое со повреди е пренесено во Градската општа болница. Од каде толку оружје и од каде толкава сигурност на бандитите во главниот град за да може да пукаат кога сакаат и каде сакаат?, прашува Орце Ѓорѓиевски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
„Дали се ова истите оние што ја прославуваа изборната победа во Чаир со истрели од ‘калашникови’, а Спасовски се правеше дека не ги гледа и не презеде ништо? Дали се ова групите за кои заменик-министерот Агим Нухиу рече дека биле подготвени со оружје да влезат на 27 април во Собранието, а Спасовски повторно се правеше дека не ги видел?“, праша тој.
Спасовски и СДСМ, додава Ѓорѓиевски, ја зацрнија полицијата коалицирајќи со криминалот.
„Жртва може да биде секој недолжен минувач, наше дете, брат, сестра, родител или комшија. МВР под раководство на Спасовски не може да си ја исполни својата основна должност, а тоа е зачувување на јавниот ред и мир. Граѓаните веќе две години се во константен грч. Убиствата, пукањата, запалените автомобили и грабежите станаа наше секојдневие. Родителите се исплашени да ги пуштат своите деца на улица, повозрасните не смеат да излезат до продавница бидејќи се плашат дека некој ќе ги ограби, а сето ова е последица на криминалната политика на власта, која пушти над 800 криминалци од затворите на улиците“, вели Ѓорѓиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши на Националниот молитвен појадок во САД
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast) во Вашингтон.
Се работи за традиционален и значаен настан што ги обединува политичките, верските и општествените претставници, истакнувајќи ги вредностите на дијалогот, взаемното почитување и моралната одговорност во лидерството.
На оваа церемонија се обрати и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Од Собранието велат дека учеството на Гаши претставува можност за зајакнување на пријателските односи и за афирмирање на улогата на Република Северна Македонија како активен, присутен и почитуван партнер во меѓународната соработка.
Македонија
Се оддалечуваме од Европа поради политиките на власта, му рекол Филипче на известувачот Томас Вајц
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одржал состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот, како што информираа од партијата, станало збор за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.
Филипче изразил благодарност за ангажманот на ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.
„На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди“, велат од СДСМ.
Филипче нагласил и дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.
Воедно, Филипче порачал дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.
Македонија
За возачка дозвола доволно е завршено основно образование, рече Јаневска по протестите
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека за полагање возачки испит е потребно најмалку завршено основно образование, нагласувајќи дека државата обезбедува можности.
„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години тие преку Центарот за образование добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некаква едукација соодветна на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн“ рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. Додаде и дека Министерството финансира околу 40 ромски медијатори со цел зголемување на опфатот и редовното присуство на ромските деца во училиштата.
Изјавата доаѓа по протестите на граѓани кои побараа ослободување од обврската за полагање возачки испит бидејќи немаат неопходен степен на образование, а автомобилите им се неопходни.

