Македонија
(Видео) МЗШВ: Доделени 30 милиони денари за подобра рурална патна инфраструктура
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство годинава првпат доделува средства преку програмата за капитални субвенции за развој на планските региони во областа на земјоделството и руралниот развој, инофрмираат оттаму. Се работи за финансиска поддршка во вкупен износ од 30 милиони денари за која денеска се потпишаа договорите со пет центри за развој на планските региони на територијта на Република Македонија, корисници на оваа програма.
„Оваа поддршка е дел од нашите капитални вложувања директно во земјоделството, од што бенефит ќе имаат земјоделците. Наша цел е со средствата што ги доделуваме денеска да ја подобриме руралната патна инфраструктура, која е основен предуслов за успешен развој на земјоделството. Овие средства ќе се користат за изградба и реконструкција на пристапни патишта во подрачја на интензивна земјоделска дејност. На овој начин ќе се олесни пристапот до обработливи површини, ќе се зголеми и олесни производството на земјоделски производи“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
На јавниот повик, кој беше распишан, како што инфомираа од МЗШВ, конкурирале 10 апликанти, од кои по евалуацијата, критериумите ги исполниле пет центри за развој на планските региони.
„Висината на финансиската поддршка што ќе ја добијат центрите зависи од двата критериума – минимум 40 отсто обработливо земјоделско земјиште во регионите за кои аплицираат и бројот на општини опфатени со проектите за кои аплицираат центрите. Од јануари в година ќе почнат постапките за јавна набавка за избор на најповолен изведувач и надзор на работите предвидени во приложените проекти. Одобрените проекти треба да се реализираат во рок од 12 месеци од денот на потпишување на договорите“, се наведува во соопштението на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО во Брисел
На покана на Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО.
Министерскиот состанок претставува уште една можност министрите да разменат ставови во однос на донесените одлуки од Самитот на НАТО во Хаг, кои се важни за иднината на Алијансата, како и да разменат мислења за напредокот во зајакнувањето на индивидуалните способности и капацитети за овозможување ефективна колективна одбрана и безбедност.
Во фокусот на дискусиите се очекува да бидат разменети информации за заедничките напори за продолжување на континуираната поддршка за Украина, како и размена на ставови за одговор на актуелните безбедносни предизвици и закани, вклучително и дестабилизирачките активности на малигните актери и стратешките конкуренти, кои имаат за цел да ја нарушат воспоставената безбедносна архитектура и меѓународниот правен поредок, извести Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
На маргините на министерскиот состанок, предвидено е министерот Муцунски да оствари и повеќе билатерални средби, меѓу кои и со шефот на американската делегација, заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау, како и да учествува на тематски состанок посветен на Коридорот 8.
Македонија
Делови од Гази Баба и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, дел од улица Коце Металец и Филип Филиповиќ (од улица Рударска до Трафиките за храна пред паркингот), без струја ќе останат и зградите на два Баќа градители и зградата на Ул.Коце Металец Бр2 (општина Гази Баба)
– во период од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците на ул.Струшка (општина Карпош).
Македонија
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во западните и јужните делови. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд и слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност до крајот на неделата, следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните и јужните делови. На некои од повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Минималните температури ќе бидат насекаде позитивни.

