Забава
„Сан“: Бекам преговара за патување во вселената
Дејвид Бекам почна тајни преговори за да стане првиот „турист“ кој ќе патува во вселената. Самиот тој признава дека се чувствува малку нервозно поради тоа, објави магазинот „Сан“ повикувајќи се на анонимни извори.
Поранешниот фудбалер конечно ќе си го оствари сонот. Магазинот „Сан“ објави дека Бекам веќе подолго време размислува за ова, со оглед на тоа што за патување во вселената засега не постоеја реални шанси. Но, тој не сака само да отпатува во вселената туку сака и да шутне топка.
„Децата на Бекам постојано зборуваат за тоа и многу им се допаѓа идејата“, изјавил извор близок до семејството.
Истиот извор навел дека Бекам е многу нервозен поради патувањето. Многумина веќе шпекулираат дека светски брендови ќе му понудат многу пари на Бекам, имајќи предвид дека досега не се случило ништо слично.
„Сан“ неофицијално дознава дека Бекам веќе подолго време е во контакт со претставници на „Вирџин атлантик“ која моментно води во трката за патување во вселената. Ричард Бренсон неодамна изјави дека неговата компанија за вселенски туризам е на прагот до остварување на можноста да превезува патници во вселената.
Менџарот за односи со јавност на Бекам ги негирал ваквите тврдења.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

