Регион
Босна со најголем број иселени лица во регионот, Македонија на третото место
Босна и Херцеговина е земјата со убедливо најголем процент на граѓани – дури 43,5 отсто кои живеат надвор од матичната држава, а најголем дел од нив живеат во Хрватска. Ова го покажа мапата на картографот Јакуб Марин.
Во регионот, според овој извор, на второто место е Албанија, од каде се иселиле 38, 8 посто од жителите, по што следи Македонија со 24,8 проценти од кои најмногу во Турција. Од Црна Гора заминале 22,1 отсто, од Хрватска 20,4 отсто, а од Србија 10,9 проценти од жителите.
Според овие податоци, најголем број Словенци се преселиле во Германија, a Албанци во Италија.
Во светски рамки, Германците се селат во САД, а Британците во Австралија, пренесе „Клих.ба“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Состојбата на словачкиот премиер Фицо се подобрува
Лекарскиот тим, што се грижи за словачкиот премиер Роберт Фицо, по минатонеделниот атентат денеска потврди дека неговата состојба е субјективно подобрена, соопшти прес-службата на словачката Влада.
Фицо се лекува во болницата „Рузвелт“ во Банска Бистрица.
Тој беше застрелан минатата среда од 71-годишниот писател Јурај Цинтула, кој веднаш беше приведен од полицијата.
Регион
Лоцирани се остатоците од авионот што се урна во близина на Загреб
Лоцирани се остатоците од авионот што се урна попладнево во близина на Загреб. Неофицијално се дознава дека три лица преживеале, додека едно лице починало, јавува 24сата.
„Денеска во 15 часот и 51 минути е добиена дојава за пад на мал спортски авион во шумата јужно од Керестинац. Полициски службеници излегоа на терен, се укажува помош на повредените, местото на настанот е обезбедено“, соопштија од полицијата.
Авион од типот „Цесна“ кој се користел за скокови со падобран, се урна попладнево во близина на Загреб. Според неофицијални информации, во него имало четворица членови на екипажот.
Најверојатно се работи за спортски, тренинг или туристички авион кој се урнал во недалеку од пистата во загрепската населба Јеждовец.
Регион
Авион се урна во близина на Загреб
Авион со четворица членови на екипажот се урна попладнево во близина на Загреб, пренесуваат дел од регионалните медиуми. Најверојатно се работи за спортски, тренинг или туристички авион кој се урнал во Јеждовац.
Лансирани се дронови кои се обидуваат да го лоцираат авионот и да стигнат до местото на несреќата.
Таму се упатени возила на брзата помош, како и екипи на противпожарната единица.