Забава
(Видео) Сандра Булок призна дека била вљубена во познат холивудски актер

Учествувајќи во познатото шоу на Елен Деџенерис, актерката Сандра Булок призна дека била вљубена во познат актер, поради што снимањето филм со него ѝ било многу тешко.
Актерот Киану Ривс е навистина единствен и посебен маж. Тој ја маѓепсува женската публика, но и своите колешки. Ова го потврди и актерката Сандра Булок.
Таа заедно со Ривс во 1994 година го снимаше филмот „Брзина” и сега откри дека ѝ било тешко да се концентрира на работата поради убавиот актер.
„Тешко ми беше да останам сериозна. Кога ќе ме погледнеше, јас се скаменував”, изјави Сандра во емисијата на Елен Деџенерис.
Елен потоа ја праша дали некогаш биле заедно.
„Ние никогаш не излеговме, веројатно проблемот беше во мене. Не му се допаднав. Многу долго бевме пријатели”, објасни Булок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Ана Ивановиќ е незапирлива

Разводот на Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер беше ненадеен удар за јавноста. Иако нивната љубовна приказна траеше речиси 10 години, двојката одлучи да тргне по различни патишта.
Бастијан ја прегрна својата нова девојка Силва Капитанова, а српската тенисерка 10-те милиони евра што ги доби по разводот.
Се чини дека крајот на романсата значеше нов почеток за Ана Ивановиќ, а тоа е забележливо и на социјалните мрежи. Таа често објавува атрактивни фотографии од егзотични дестинации, докажувајќи дека нов живот штотуку започнува.
Сега таа „објави“ компилација од фотографии во различни комбинации на облека, па имавме можност да видиме само дел од нејзината колекција бикини, но и летни фустани.
„Лето кое не сакам сè уште да заврши“, напиша Ана.
Поранешната тенисерка е незапирлива – сè уште зрачи со самодоверба и природна убавина…
фото: принтскрин
Забава
Кои се придобивките од тренингот за сила со ниски оптоварувања?

Тренингот со сила има одлични здравствени придобивки, но не секој е подготвен да поминува време кревајќи тешки тегови во теретана.
Исто така, не целта на секого е да изгради мускули. Иако кревањето потешки тежини не мора нужно да значи добар изглед, некои луѓе претпочитаат тонирани мускули кои не се истакнуваат, но го одржуваат телото подвижно.
Во такви случаи, тренингот за сила со лесни тежини е идеален.
„Кревањето лесни тежини е вид тренинг за отпор кој ја подобрува силата и ја одржува оптималната телесна маса. Преку таков тренинг, кревате полесни тежини, но со повеќе повторувања, а потоа правите пауза.
Ова ја зголемува издржливоста на мускулите, што ви помага полесно да ги извршувате секојдневните задачи“, истакнува тренерката Брук Бентен за „Women’s Health“, додавајќи:
„Тежината што ја користите треба да биде доволно лесна за да можете да извршите 12 до 15 повторувања пред вашите мускули да се заморат. Ова е обично помеѓу два и пет килограми за повеќето жени, иако е сосема во ред да се започне со полесни тежини“, вели Брук.
Како и со кревањето поголеми тежини, Брук нагласува дека главниот фокус треба да биде на техниката.
„Клучот е во тоа што ако имате добра форма и кревате тегови до точка на замор, веројатно ќе се чувствувате посилни по неколку недели. Вашата цел треба да биде да тренирате со полесни тежини неколку пати неделно“, рече таа.
Фитнес тренерката понатаму објаснува дека редовниот тренинг со лесни оптоварувања, заедно со кардио вежби и здрава исхрана, може да изгради чиста мускулна маса.
Доследниот тренинг со ниско оптоварување ќе го направи вашето тело да изгледа повитко и потонирано. Брук, исто така, објаснува дека тренингот за сила со ниско оптоварување ќе обезбеди стабилност на мускулната маса, што со тоа ќе спречи акумулација на масни наслаги.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Поп-ѕвездата во здолниште од „Гучи“ го врати летото на улиците на Њујорк

Дуа Липа веќе некое време го привлекува вниманието на медиумите и љубопитните фотографи, а сето тоа поради нејзината неочекувана романса со актерот Калум Тарнер.
View this post on Instagram
А нејзиниот префинет вкус за мода е главна тема на модните списанија, бидејќи често ја гледаме во изданија што раскажуваат приказна.
Неодамна беше фотографирана на улиците на Њујорк во облека што го враќа летото. Поп-ѕвездата прошета во средно долгo здолниште од Гучи, коe воодушевува со својата светла портокалова боја.
Dua Lipa turns heads in a fuzzy cropped polo shirt and orange floral skirt while enjoying a day out with a friend.#DuaLipa pic.twitter.com/kOHIFaI76x
— Poetry. (@2lastvibes) September 19, 2025
Украсенo е со цветни детали и златни конци што се протегаат по целата должина.
Што се однесува до горниот дел, таа се одлучи за крзнен краток топ во темно сива боја, а целта на овој моден избор беше да го нагласи впечатливиот долен дел. Стилингот го комплетираше со минимална шминка во природни тонови и чантичка во сребрена боја.
фото: принтскрин