Забава
(Видео) Девојче од Илиноис за првпат слави Божик надвор од болницата
Четиригодишно девојче кое го помина целиот свој живот во болница, конечно, е пуштено дома, и тоа токму за Божик. Фалин Грејем од Илиноис е родена два месеца пред терминот поради што нејзините бели дробови не можеле целосно да се развијат.
Цело време ѝ е потребен вентилатор што ѝ помага да дише, и секогаш треба да се чува под медицински надзор. Но, нејзината состојба се подобри толку многу што таа беше пуштена дома во четвртокот. Во розова јакна и гушкајќи ја омилената играчка Скуби Ду, таа им мавташе на вработените во болницата која минатите четири години беше нејзиниот дом.
„Тоа не може да се опише. Не можам да пронајдам зборови”, рече нејзината мајка, Тарваршеј Грејем.
Таа и самата има неколку здравствени проблеми, поради лупус трипати неделно оди на дијализа. За да може девојчето да биде отпуштено од болница, семејството мораше да ангажира медицинска сестра која ќе се грижи за неа додека мајката е на третмани. Таткото на девојчето почина кога таа имаше само два месеца.
Во јануари здравјето на девојчето почна драстично да се подобрува. Лекарите ја симнуваа од вентилаторот двапати на ден по четири часа, па наскоро стана омилен пациент во болницата, позната по тоа што постојано трчкаше низ ходниците.
Болничкиот персонал преку „Фејсбук“ се прости со неа откако со нив помина 1 208 дена.
T-G-I-J-I-N-G-L-E Friday! Phalynn has got that Friday feeling!!!! ….#tgif#jinglebells#ifeellikedancing
Gepostet von Ranken Jordan Pediatric Bridge Hospital am Freitag, 14. Dezember 2018
Оваа година, семејството за првпат ќе се собере за време на празниците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(ФОТО) И на 40 години во врвна форма: Роналдо повторно ги воодушеви фановите
Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви фановите со фотографија објавена на Инстаграм, на која позира без маица во црни боксерки, покажувајќи ја одличната физичка форма и на 40-годишна возраст.
„По сауна“, напиша кратко Роналдо под фотографијата направена во теретана. Ова не е првпат фудбалската ѕвезда да објави вакви фотографии, со кои редовно ја истакнува дисциплината, тренинзите и начинот на живот по кои е препознатлив.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“
Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација.
Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“
Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“
Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. Ти ги гледаш ли твоите?“ ја праша Ди Каприо колешката.
„Не“, одговори Лоренс низ смеа. „Никогаш не сум снимила нешто како ‘Титаник’. Да сум, сигурно ќе го гледав. Еднаш бев многу пијана и го пуштив ‘American Hustle’. Се прашував: ‘Дали јас сум добра актерка?’ Го пуштив филмот… и не се сеќавам на одговорот.“
Ди Каприо слично признание дал и претходно. Во август, за списанието „Есквајр“, изјави дека ретко ги гледа своите филмови, но дека постои еден исклучок.
„Тоа е ‘Авијатичарот’. Тој филм ми беше особено важен“, рече актерот, присетувајќи се на соработката со режисерот Мартин Скорсезе и на неговиот долгогодишен интерес за ликот на Хауард Хјуз.
Филмот „Титаник“, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најуспешните филмови во историјата, а Ди Каприо во него глумеше заедно со Кејт Винслет.
„‘Титаник’ беше голем експеримент за Кејт и за мене“, изјави Ди Каприо уште во 2016 година. „Не можевме ни да замислиме колку голем ќе стане филмот. Сè тоа нè изненади.“
Тој додаде дека по тој успех морал да забави и да се врати на своите актерски цели.
„Знаев дека од мене се очекува нешто одредено, но сакав да останам верен на себе и на причината поради која воопшто почнав да глумам“, порача Ди Каприо.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.

