Македонија
Студено и ветровито, на места провејува слаб снег
Времето денеска е умерено до значително облачно и ветровито, а на места во североисточните делови провејува слаб снег. Во западните делови е посончево. На повеќето места дува засилен ветер од северен и северозападен правец.
Во текот на денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, студено и ветровито. Ќе дува засилен северозападен ветер. Дневната температура нема да се разликува во однос на утринската, а на повисоките места дополнително ќе опаѓа. Максимумите на температурата ќе бидат во интервал од -2 до 6 степени. Во Скопје ќе биде умерено облачно со засилен северозападен ветер. Температурата ќе се движи до 3 степени.
Следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури и со умерен северозападен ветер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Oбјавени имињата на членовите на новиот состав на Централниот одбор на СДСМ
На 30. Конгрес којшто се одржа денеска беше избран и новиот состав на Централниот одбор на СДСМ.
„Новиот Централен одбор го сочинуваат поединци кои се почитувани во својата заедница, кои знаат да го почитуваат членството и граѓаните и кои ќе работат во најдобар интерес на сите граѓани“, велат од СДСМ.
Во прилог имињата:
Членови на Централниот одбор:
- Александар Трајановски
- Драгослава Војницалиевска Ингилизовска
- Стефан Васев
- Филип Андов
- Горан Трајковски
- Бојана Ацевска
- Дејан Николовски
- Љупчо Фармаковски
- Викторија Мадиќ Аврамовска
- Кети Штерјова
- Борче Миревски
- Душанка Спасовска
- Гоце Трпчевски
- Зоран Трифуновски
- Велимир Смилевски
- Маријан Жакула
- Сузана Трпковска
- Мица Младеновска
- Александар Саша Димитријевиќ
- Александар Симоновски
- Дејан Трајковски
- Радмила Апостоловска Цветковска
- Александар Арсиќ
- Мартин Костовски
- Весна Трајковска
- Лидија Тасевска
- Николина Симоновска
- Сашка Павловска
- Ацо Ушковски
- Едис Хасан
- Емилија Галабовска Биљарска
- Дејан Арсовски
- Селма Абдуловска
- Ивица Димитров
- Никица Бачовски
- Драгослав Симоновиќ
- Александра Серафимова
- Ана Марија Циглењак Симоновска
- Катерина Андоновз
- Душанка Горгиева Трпевски
- Горан Ковачевски
- Михаил Дејановски
- Изабела Павловска
- Ацо Велковски
- Антонио Арсовски
- Елизабета Зеленикова
- Златко Николовски
- Горан Стојановски
- Билјана Ефтимова
- Марио Паризов
- Кристина Костова
- Оља Костова
- Ивица Крстев
- Мухамед Кадриов
- Ристо Прочков
- Зоран Зимбаков
- Игор Андонов
- Сашко Атанасов
- Билјана Демерџиева
- Марија Андонова Ристова
- Ратко Ајцев
- Анѓелка Стефанова
- Христина Ангелова
- Павле Маневски
- Мартин Илиев
- Антонио Симоноски
- Андреа Ангелевска
- Жаклина Тимова
- Љубе Кузмановски
- Игор Пертемов
- Филип Секуловски
- Билјана Марковска
- Кети Стевананџија
- Симона Цветановски
- Анета Јоновска Љубенова
- Стојан Коциров
- Љупка Кицарска
- Софче Димитриева
- Методија Илиевски
- Зоран Стојчевски
- Елизабета Ивановска
- Андреј Стојановски
- Стојче Ивановски
- Џавид Мифтароски
- Јовче Мирчевски
- Богдан Стојановски
- Билал Каришиќ
- Радмила Алексовска
- Владимир Златески
- Јане Тодороски
- Живка Ангелоска
- Шпресим Ајроски
- Борче Ристевски
- Емина Рустемоска
- Ирина Јелдеска
- Дијана Чакареска
- Белкиса Зеќири
- Севгин Ракиповски
- Мирче Аризаноски
- Александар Костоски
- Станиша Матески
- Андријана Аврамовска
- Агрон Демири
- Елизабета Марковска
- Андријана Томовска
- Марко Михаилоски
- Лазар Ѓоргевски
- Кристијан Чушков
- Наталија Спировска
- Гордан Шутаров
- Елена Јовановска Грујовска
- Анета Симевска
- Јованче Манасков
Македонија
(Видео) Филипче: Сите сме виновни, СДСМ се соочува со голем предизвик за враќање на довербата на граѓаните
Застанав на чело на партија која на последните парламентарни избори доживеа огромен, историски пораз, но поразот не е крај – тој е шанса за нов почеток, шанса за освестување и обнова и таа шанса мора да ја искористиме, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешниот 30-ти Конгрес на партијата.
Во своето обраќање пред делегатите, Филипче посочи дека СДСМ во моментов се соочува со голем предизвик за враќање на довербата на граѓаните.
„Сметам дека е праведно конечно сите да прифатиме дека од различен агол, сите сме виновни. Точно е, некој повеќе, некој помалку, но секој на совеста го носи товарот дека во моментот нашата СДСМ се соочува со огромен предизвик за враќање на довербата на граѓаните“, рече Филипче.
Притоа, Филипче потенцираше дека причините за ваквата состојба се повеќеслојни, нагласувајќи дека заради големите национални прашања како полноправното членство во НАТО Алијансата, напорите за почеток на преговори за полноправно членство во ЕУ, решавање на отворените прашања со соседите, се занемари ефикасноста во обезбедување на сервисните функции на државниот апарат.
„Точен е впечатокот дека ЕУ и НАТО не се мачкаат на леб. Граѓаните сакаат функционална држава која испорачува конкретни резултати. Не за пет, не за десет години, туку сега и веднаш! Граѓаните не чекаат ветувања – тие чекаат дела. Сметам дека не смееше да дозволиме речиси целата енергија да ја насочиме на евроинтеграциите, но и тие да бидат оправдување за неиспорачување на дел програмата и ветувањата кои ги дадовме пред граѓаните“, рече Филипче, додавјќи дека сите овие прашања, дополнително и спорот со Бугарија, ги преклопија сите добри работи и реформи што ги направи СДСМ.
Филипче потенцираше дека сепак не може да се занемарат успешните политики на владите на СДСМ, во делот стопанството, за економијата, за пензионерите, за социјалните категории, за јавното здравство.
„Се вложивме 100 проценти, не калкулиравме, не бевме популисти, направивме тешки жртви. Двајцата мои претходници, Заев и Ковачевски ја жртвуваа својата политичка кариера за денес да сме членка на НАТО и да имаме започнато преговори со Европска унија. За жал, таквата длабока посветеност, не беше наградена со очекуваната мера. Но се боревме за она што верувавме дека е исправно, дека ќе донесе добробит за секој граѓанин на оваа држава, дека ќе ја постави Македонија на светската мапа. И во тоа успеавме“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче додаде дека ова не е време за обесхрабрување, туку време за акција, а СДСМ е партија на победници и знае како да се издигне после секој пораз и како да ги преобрази предизвиците во можности.
Македонија
(Видео) Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја
Новиот Централен одбор на СДСМ е сочинет од поединци кои се почитувани во својата заедница, кои знаат да го почитуваат членството и граѓаните и кои ќе работат во најдобар интерес на сите граѓани. Тој ќе биде одраз на новата енергија што ќе ја внесеме во партија.
Ова го истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче во своето обраќање пред присутните на 30-от Конгрес на партијата што се одржува денеска. Филипче потенцираше дека Централниот одбор е одраз на гласот на членовите, месните одбори и општинските организации.
„Моја цел е да создадеме систем во кој кадровскиот потенцијал со кој располагаме, биде распореден исклучиво по својата стручност и компетентност, а не заради блискоста и личните релации со партиското раководство. Принципот е секој да биде искористен таму каде може максимално да придонесе за исполнување на целите на СДСМ“, истакна Филипче.
Според претседателот на СДСМ, само на овој начин, со реформирана партија може да се работи на реформа и во државата, бидејќи довербата се гради со дела, а не со празни зборови.
„Обновата започнува од нас“, потенцираше Филипче и додаде дека новото раководство на СДСМ мора да биде пример за посветеност и почитување и секојдневно да се потсетува дека постои за граѓаните, а не обратно.
Филипче во својот говор истакна дека пратениците, како најистурената борбена единица на СДСМ, ќе бидат по функција дел од Централниот одбор и нивното непроценливо политичко искуство ќе биде од максимална полза во сите процеси.
Претседателот на СДСМ се осврна и на критиките за бавниот избор на новото раководство и истакна дека состојбата во која се наоѓа партијата налагала внимателно бирање на вистинските луѓе.
„Ова се луѓе кои имаат поддршка од членовите и кои може да ги обединат сите од локално ниво па нагоре. Процес кој јас го сметав за инклузивен, со многу разговори, со многу дипломатија и почитување на мислењето на секој. Само низ ваков процес верувам дека можевме да избереме луѓе од доверба на членовите кои ќе ги претставуваат нивните интереси“, рече Филипче.
Партијата, додаде Филипче, ќе биде отворена за сите кои се блиски до социјалдемократската идеологија, што била подзаборавена. Солидарноста, како една од клучните социјалдемократски вредности, мора повторно да биде главната водилка на партијата, рече Филипче и порача:
„Со моето доаѓање на чело на партијата сакам едно јасно да порачам. Секој кој ќе биде дел од партијата и од раководните структури е поставен на таа позиција да им служи на граѓаните и на членовите на СДСМ. Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја. Додека сум јас претседател, тоа нема да го дозволам затоа што тоа ја уништува сржта на нашето постоење“.
Во таа насока, Филипче потенцираше дека со посветена работа, новото раководство ќе покаже дека лошите навики можат да бидат искоренети, суетите и предрасудите надминати и дека колективното добро ќе биде секогаш над личните интереси.