Црна хроника
За еден ден 12 сообраќајни незгоди во Скопје, пет лица повредени
Во текот на изминатиoт ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 12 сообраќајни незгоди од кои пет со телесни повреди и седум со материјална штета, информираат од полицијата.
Од МВР велат дека при сообраќајните незгоди пет лица се здобиле со лесни телесни повреди.
12 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така, исклучени се и 13 возачи бидејќи осум го управувале возилото пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, двајца биле возачи почетници и тројца управувале под дејство на алкохол.
Осум возила се исклучени од сообраќај бидејќи пет биле нерегистрирани и три технички неисправни, додаваат од полицијата.
Санкционирани се и тројца возачи кои поминале крстосница на црвено светло, четворица неправилно се престроиле, седум не поседувале пропишана зимска опрема, седум не користеле сигурносен појас и 21 користеле мобилен телефон додека го управувале возилото, информираат од МВР. Во однос на пешаците санкциониран е еден пешак кој поминал коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 104 мандатни платни налози, додека исто така 74 возила се подигнати со „пајак”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена од скопско село измамена за 95.400 денари со лажно ветување за стан и вработување
54-годишна жена од скопско село пријавила дека била измамена за сума од 95.400 денари.
Според пријавеното, во текот на изминатата година таа во неколку наврати му исплатила пари на едно лице, кое ѝ ветувало дека ќе ѝ помогне да купи стан во Скопје и да ја вработи нејзината ќерка како цариник.
Како што било пријавено, по извесно време лицето престанало да одговара на нејзините телефонски повици, по што таа сфатила дека била измамена.
Од СВР Скопје информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тепачка во авион од Германија што слетал на скопскиот аеродром
Тепачка се случила вчера во авион од Германија што слетал на скопскиот аеродром.
Според информациите од МВР, вчера во 17:00 часот во СВР Скопје, од Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје е пријавено дека околу 16:40 часот во авион кој слетал од Германија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.Ф.(49) од Германија и 45-годишната Г.Ф. од Скопје од една страна и Ш.С.(38) од с.Лопате, кумановско, од друга страна.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
16-годишник со автомобил удрил во пешак во Скопје
Вчера околу 22:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Македонско- косовска бригада“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од Скопје, удрило во пешакот М.И.(57) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје. По целосно дококументирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

