Свет
Светскиот ден на хиџабот ги охрабрува жените јасно да го изразат својот став
Светскиот ден на хиџабот ќе се одбележи и в година, а кампањата за 2019 година, која почнува в среда, има цел да ги поттикне жените јасно да го изразат својот избор за носење хиџаб, вели организаторката на настанот.
„#FreeInHijab е хаштаг кој ни е многу потребен поради моментната глобална ситуација кога жените што носат хиџаб во медиумите се претставени како угнетувани или симболично притворени“, вели Назма Кан во изјава за агенцијата „Анадолија“.
„Преку овој хаштаг жените се охрабруваат да ги изразат својот став и избор за носењето хиџаб, односно да го скршат митот на таа тема“, додава Кан.
Светскиот ден на хиџабот првпат се одбележа во 2013 за да ги охрабри жените од сите религии и култури да стават хиџаб како поддршка за жените од исламската заедница. Овој ден во светот се одбележува на 1 февруари.
Во 2017 Светскиот ден на хиџабот стана непрофитна организација, чија мисија е да се бори против дискриминацијата на жените муслиманки преку подигање на свесноста и преку едукација.
Кан вели дека мотото за 2019 е: „Кршиме стереотипи, изместуваме граници“, а кампањата ќе го промовира Светскиот ден на хиџабот и на интернет и во реалниот свет глобално.
Кан вели дека нејзиниот мотив зад организирањето на овој ден се тешкотиите со кои таа секојдневно се соочува во Њујорк токму поради носењето хиџаб.
„Бев цел на врсничко насилство (булинг) во средно училиште. Дискриминацијата доби нови размери по 9 септември“, вели Кан посочувајќи на терористичкиот напад во САД на 11 септември 2001.
Таа објаснува дека жените што ќе носат хиџаб на овој ден како солидарност, ќе добијат претстава со што се соочуваат жените секојдневно.
„Се надеваме дека ова еднодневно искуство ќе им го прикаже хиџабот во едно поинакво светло“, додава Кан.
„Нема политички мотиви зад нашето движење, само сакаме да ја кренеме свесноста за жените што нееднакво се третираат само поради нивниот избор да носат хиџаб“, вели Кан и додава дека откако почнала оваа кампања, позитивните промени се забележливи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

