Црна хроника
Две возила се судрија кај Струга, едно лице заврши со тешки повреди

Утрово, во 2:50 часот, на регионалниот пат Струга – Дебар, кај крстосницата за село Ложани се случила сообраќајна незгода во која учествувале две возила со струшки регистарски ознаки, соопшти полицијата.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил едниот од возачите, кому му е укажана лекарска помош во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.
Извршен е увид на местото на настанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Младиот боксер Еди Насуфи загина во сообраќајна несреќа

Македонскиот боксерски репрезентативец, 19-годишниот Еди Насуфи загина во сообраќајна несреќа.
Насуфи беше редовен репрезентативец на Македонија во повеќе возрасни категории, а беше член на струшкиот клуб Синди.
Сочувство до семејството на починатиот млад боксер испрати и македонскиот фудбалски прволигаш Струга Трим Лум.
Црна хроника
(Фото) Запленети поголема количина цигари без бандероли и дробен тутун во Тетовo, двајца уапсени

Денеска околу 05:30 часот во Тетово, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции ги лишиле од слобода Б.З.(65) и И.Р.(67), двајцата од Тетово.
При контрола на патничко возило „фолксваген голф” со тетовски регистарски таблички, кое го управувал Б.З., биле пронајдени и одземени 13 кутии со филтри за цигари, 129 штеки разновидни цигари, 14,5 килограми дробен тутун, машинки за полнење на цигари и СИМ картички. Додека, пак при контрола на патничко возило „фолксваген голф” со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.Р., биле пронајдени и одземени 58 штеки разновидни цигари, 12,5 килограми дробен тутун, машинки за правење цигари, сим картички, табакери и 19 кутии со филтри за цигари.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени пријави по член 278-б и 279 од Кривичниот законик.
Црна хроника
Судир меѓу „сузуки марути“ и „ауди“: тешко повредена жена од Струга

Вчера околу 19:55 часот во ОВР Струга било пријавено дека на магистралниот пат А2, пред кружен тек, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сузуки марути“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.П.(73) од Струга и патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од С.Б.(31) од Струга.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило „марути“, Т.П.(76) од Струга, констатирани во Медицински центар Струга.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Струга.