Македонија
АРМ доби 130 нови прoфесионални војници, Шекеринска вети дека нема да им недостасуваат униформи
Нови 130 војници од денеска се дел од професионалниот состав на Армијата на Република Македонија. На свеченоста во касарната „Илинден“ на третата класа нови професионални војници за 2018 година им се обрати министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, а присуствуваше и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски и заменик-министерот Беким Максути.
„Добредојдовте во Армијата на Република Македонија. Вие сте уште еден доказ дека за нас зборот е навистина збор, дека она што сме го најавиле, знаеме да го исполниме. Најавив дека 2018 година АРМ ќе се подмлади и ќе се засили со 375 нови професионални војници. Вие ќе бидете новата енергија, новиот мотив, новиот капацитет на АРМ. Ќе бидете уште еден доказ и уште една причина за сигурноста, безбедноста и спокојството на граѓаните на нашата татковина“, рече министерката.
Шекеринска истакна дека Македонија ги руши бариерите и дека ја добила поканата за членство во НАТО, ги почнала и завршила пристапните разговори.
„Поканата за НАТО е нашиот најголем успех годинава за одбраната и државата, a за мене драг успех е решавањето на еден од долгогодишните проблеми, проблемот со елементарната и логистичка поддршка, проблемот наречен чизми и униформи“, рече министерката.
Таа информираше дека испораката на 7 000 пара чизми до секој припадник на Армијата е започната, а потпишан е договорот за 14 000 нови униформи, односно по два комплета за секој војник.
Осврнувајќи се на 2018 година, Шекеринска рече дека платите оваа година конечно биле зголемени за 10 проценти, и дека 5-процентно зголемување се планира и за идната година. Буџетот, рече министерката, зголемен 15 проценти за 2018, ќе порасне 33 проценти во 2019 година.
Шекеринска подвлече и дека во однос на етничката структура, Армијата ја претставува Македонија, онаква каква што е – етнички разнолика и побогата земја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

