Македонија
Активистите од „Го сакам Водно“ му дадоа новогодишно пакетче на Шилегов
Граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“ оставија новогодишно пакетче во Град Скопје за градоначалникот Петре Шилегов со слатки подароци прикачени за секое од барањата за Водно.
„Се надеваме дека пакетчето со нашите барања ќе претставува вистински предизвик за градоначалникот и дека во 2019 покрај слух ќе има и реална соработка со граѓанскиот сектор за нивно остварување. Барањата се конкретни, бараат вложувања на време, пари и човечки ресурси, но бенефитите од нив сметаме дека се конечни и далекусежни“, велат од граѓанската иницијатива.
Во писмото со барањата до Шилегов тие изразуваат незадоволство од бројните нерегуларности во врска со Водно и изградбата на гасоводот, како и очекување дека набрзо како приоритет ќе биде донесен законот за Водно.
„Незадоволни од бројните нерегуларности кои го следат функционирањето на нашата парк-шума Водно, нејзиниот нерешен статус и децениски насобраните проблеми, од вас како градски татко на надлежната институција и како човек кој знае кое е значењето на Водно за скопјани, бараме трајно решавање и заштита на парк-шумата, со адекватни активности во неа. Очекуваме да ги прифатите барањата и предизвикот на нивно спроведување и во најкраток рок да го донесете како приоритет број 1 законот за Водно во форма на Lex specialis ‘за да го дефинираме еднаш за секогаш не чекајќи дали и кога ќе се класификува, ревалоризира’“, се вели во писмото.
Во однос на прифаќањето гасоводната траса да минува низ Водно, активистите уште еднаш гласно порачуваат дека ќе продолжат да се борат со сите расположиви средства.
„Ниту еден момент не дадовте издржан одговор зошто го сменивте ставот, а напротив, максимално издржано претходно објаснивте зошто сте против тоа. Се надеваме дека во наредната година ќе успеете да увидите дека бенефитот на нашиот град треба да биде ваша основна водилка, а никако прифаќање на компромиси од каков било тип, вклуќувајќи ги и економските бенефити“, стои во писмото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Уапсени возачи од Скопје и Куманово, возеле без возачка, одземени им се возилата
Полицијата уапси двајца возачи од Скопје и Куманово, возеле без положен возачки испит, одземени им се возилата.
Попладнево во 12:40 часот на патот Куманово-с. Липково, полициски службеници го лишија од слобода Ш.А.(31) од Куманово. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. Ш.А. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено.
На 03.02.2026 во 13:00 часот на улица „Јустинијан први“ во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода И.Џ.(20) од Скопје. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. И.Џ. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено.
По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од КЗ.
Македонија
Партиите со осуда за нападот врз новинарот Видиновски
Политичките партии го осудија нападот врз новинарот Александар Видиновски.
„Ги осудуваме нападите врз новинарот Александар Видиновски, кои се последица на бугарскиот национализам и шовинизам. Нападот врз новинарот Видиновски е напад врз слободата на говор и врз медиумите, од страна на структури кои разгоруваат омраза, а се мотивирани од бугарскиот национализам. Сите напади како овој врз новинарот Видиновски го разјадуваат општеството и ја подгреваат омразата, и мора веднаш да престанат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Осуда стигна и од ЛДП.
„Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро го осудува однесувањето на онлајн насилниците со коментари исполнети со говор на омраза кон новинарот на Канал 5, Александар Видиновски. Ваквиот начин на изразување и на воспоставување дијалог не е воопшто соодветен за било кое демократско општество. Ја изразуваме нашата поддршка за Видиновски, бараме независното новинарство да остане независно од секакви влијанија и бараме брза реакција на институциите за расчистување на случајот“, велат од ЛДП.
Македонија
Македонија и ОАЕ потпишаа Меморандум за размена на искуства во областа на развојот и модернизацијата на владата
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Дубаи оствари билатерална средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан, во чии рамки беше потпишан Меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетите Арапски Емирати за размена на искуства во областа на развојот и модернизацијата на владата.

„Со Меморандумот се воспоставува институционална рамка за систематска соработка насочена кон унапредување на јавните политики, јакнење на административните капацитети, дигитална трансформација и примена на иновативни модели на управување“, соопштија од МНР.
Од таму додаваат дека потпишувањето на документот отвора нови можности за размена на знаења, експертиза и добри практики, како и за реализација на заеднички активности и проекти во области од заемен интерес, со цел зголемување на ефикасноста и квалитетот на владините услуги.
На средбата станало збор и за можноста за воспоставување директна авиолинија меѓу Скопје и Обединетите Арапски Емирати. Воедно бил направен сеопфатен преглед на билатералните односи, при што биле разгледани можностите за нивно натамошно продлабочување. Посебен акцент бил ставен на унапредувањето на политичката соработка, јакнењето на економските врски и интензивирањето на трговската размена меѓу двете земји.
Двете страни ја потврдиле заедничката определба за натамошно зајакнување на партнерските односи и развој на конкретни иницијативи кои ќе придонесат за одржлив економски раст, институционална ефикасност и продлабочена соработка меѓу Република Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати.

