Црна хроника
Малолетник се пожалил од наставничката – го влечела за раката и се обидела да го изнесе надвор

Четириесет и тригодишна скопјанка пријавила во полиската станица дека добила телефонски повик од страна на нејзиниот малолетен син кој бил на наставен час во основно училиште во населбата Аеродром.
Детето ѝ се пожалило на својата мајка дека неговата одделенска наставничка С.Д. го влечела за раката и се обидела да го изнесе надвор од училницата.
МВР соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Седумнаесетгодишник со автомобил излета во Ресен, тешко повредени две млади лица

Возило управувано од 17-годишник, во текот на вчерашниот ден излетало од патот Ресен-Стење, на влезот во селото Царев двор.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот, сопатникот С.М.(19) и малолетен сопатник, а со телесни повреди се здобил уште еден малолетен сопатник, сите од Ресен, соопшти МВР.
Извршен бил увид.
Црна хроника
Претрес во дом на полицаец од Тетово, правел злоупотреби со пријавувањето странски државјани

Полицаец од Тетово е осомничен дека правел злоупотреби со пријавувањето на странски државјани.
Според информациите на МВР, вчера е извршен претрес во дом и помошни простории на полицискиот службеник од СВР Тетово И.А.(53) во с. Шемшево, тетовско, а во врска со кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
При претресот се пронајдени 27 празни картони за пријавување на странски државјани со печат од МВР, еден куршум, записници за сторен прекршок, платни налози, како и лични документи од странски државјани.
По документирање на случајот, против полицискиот службеник ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Приведен возач во Македонски Брод затоа што управувал возило под дејство на алкохол

Приведен возач во Македонски Брод затоа што управувал возило под дејство на алкохол.
Според информациите на МВР, вчера во 12.14 часот полициски службеници на ул. „Маршал Тито“ во Македонски Брод го лишиле од слобода З.С. (56) од с.Горни Манастирец, Македонски Брод.
При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „фиат” со регистарски ознаки од Македонки Брод, кое З.С. го управувал и по преземени мерки било констатирано дека тој е под дејство на алкохол, односно биле измерени 2.66 промили алкохол во крвта.
З.С. е приведен во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичен законик- “безобѕирно управување со моторно возило”.