Забава
Родена 4 месеци порано, Лајла е силно и среќно девојче

Многу лекари не препорачуваат оживување бебиња родени пред 22. недела бидејќи стапката на преживување е исклучително ниска. Меѓутоа, лекарите што учествуваа во раѓањето на Лајла по наговор на мајката не се откажаа и затоа таа им e благодарна за тоа заедно со сопругот.
Лајла е родена по 21. недела и четири дена и била тешка околу 400 грама, што ја прави најмладото преживеано недоносче во светот, пишува „Дејли мејл“.
Пред нејзините родители Кортни и Пол да ја одведат дома Лајла поминала 126 дена во болница за да зајакне доволно.
Денес, четири години подоцна, Лајла е силно и весело девојче. Таа нормално се развива и се дружи со своите врсници, а единствениот знак дека била предвремено родена е доцнењето во развојот на говорот. Но, со текот на времето и ова ќе дојде на свое место.
Иако денес се најгордите родители во светот, тие се свесни дека Лајла може да има некои проблеми бидејќи била недоносче.
Лекарите објаснуваат дека недоносчињата се раѓаат со недоразвиени органи, па и мозок, поради што подоцна може да имаат проблеми во образованието. Сепак, малата Лајла е борец од првиот ден и нејзините родители се убедени дека ќе ги замени сите недостатоци со напор и волја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Тие создаваат стил и немаат конкуренција: трите најдобро облечени хороскопски знаци

Некои луѓе едноставно имаат вродена способност да комбинираат бои, кроеви и додатоци за секогаш да изгледаат дотерано – без оглед на пригодата.
Нивниот стил не мора да ги следи модните диктати бидејќи тие самите го создаваат. Ѕвездите откриваат дека одредени хороскопски знаци се особено добри во облекувањето и естетскиот изглед.
Без разлика на сезоната или пригодата, тие знаат како да остават впечаток.
Вага
Луѓето родени под овој знак се познати по својот беспрекорен вкус и чувство за естетика. Тие ја сакаат модата и деталите, а ретко се гледаат неуредни.
Тие знаат како да се облекуваат за пригодата и секогаш изгледаат хармонично и елегантно. Сè во нивните комбинации изгледа добро осмислено – дури и кога е лежерно. Вагите ја гледаат облеката како продолжение на личниот израз и уметност.
Лав
Харизматични и самоуверени, Лавовите сакаат да остават впечаток – а нивната облека често служи како средство за изразување. Тие сакаат луксузни детали, светли бои и трендовски парчиња што привлекуваат внимание.
Нивниот стил е смел, препознатлив и секогаш во центарот на вниманието. Тие не се плашат да експериментираат бидејќи веруваат дека сè им стои добро. Луѓето родени под овој знак често ги поставуваат модните стандарди во нивната околина.
Бик
Луѓето родени под овој знак имаат класичен, префинет стил кој ги комбинира удобноста и естетиката. Тие знаат да препознаат квалитетни парчиња и секогаш изгледаат негувани, без да претеруваат. Тие сакаат природни материјали, меки тонови и облека што ја нагласува нивната сензуалност.
Нивниот стил зрачи со самодоверба, но и допир на луксуз кој не е претеран. Биковите веруваат дека добриот вкус се гледа во деталите и никогаш не ги забораваат.
Забава
Ако не сте љубител на радикални диети и тренинзи, пробајте ја оваа зелена напивка

Состојките се многу евтини, а подготовката трае само 5 минути.
Ако не сте љубител на радикални диети и тренинзи, сè што треба да направите е да промените една навика, вашата утринска, за да го забрзате метаболизмот и да ослабете. Тоа е пијалок направен од само 2 состојки – магдонос и лимон.
Оваа течност ќе му помогне на вашето тело да се ослободи од вишокот вода, да ја елиминира надуеноста, да ги разгради масните клетки, да го стимулира мочниот меур да работи подобро и да ги исфрли токсините од вашето тело.
Состојки:
– 1 лимон
– 60 г магдонос
– 60 мл вода
Подготовка:
Исцедете го сокот од лимонот и исечкајте го магдоносот. Ставете ги во чаша и прелијте ги со вода.
Примена: Секогаш пијте го овој напиток на празен стомак. Консумирајте по една чаша дневно 6 дена, потоа направете пауза од 10 дена, а потоа можете да почнете одново.
Ќе забележите резултати по само еден месец.
Забава
(Фото) Лавица на теренот, супермодел надвор од него

Арина Сабаленка ужива во летниот одмор во Грција, од каде што објави фотографија во бикини и за многу кратко време успеа да стане главна тема.
View this post on Instagram
Тенисерката број еден во светот, Арина Сабаленка, ниже успеси на теренот, па по финалето на „Ролан Гарос“ одлучи дека е време за пауза.
Таа повторно ја избра Грција како своја летна дестинација, поточно прекрасниот Миконос, а друштво ѝ прави нејзиниот партнер, Јоргос Франгулис, успешен бизнисмен, кој претходно живеел во Бразил.
View this post on Instagram
Како што еднаш откри, Грците ја освоиле со својата топлина, гостопримството и со одличната клима, па затоа нема намера да го промени местото за одмор.
View this post on Instagram
Во серија фотографии од одморот, онаа во бикини привлече најголемо внимание, а луѓето ѝ рекоа во коментарите дека изгледа подобро од кога било и дека треба почесто да објавува вакви фотографии.