Македонија
МТСП со повик до пратениците: Гласајте за социјалната реформа
Законите од социјалната и детската заштита со кои Министерството за труд и социјална политика ја спроведува социјалната реформа влегоа во собраниска процедура. Од МТСП велат дека по нивното донесување, кое се очекува по новогодишните празници, стартува суштински процес за извлекување на околу 400 илјади граѓани над линијата на сиромаштија.
„Со овие реформи гарантираме подобар живот, намалување на сиромаштијата и еднакви шанси за секое дете, но и активација на невработените на пазарот на труд. Ги повикуваме пратениците да гласаат за социјалната и детската реформа со што ќе покажат дека општеството е зрело за позитивни промени кои ќе значат многу за намалување на детската сиромаштија“, порачуваат од Министерството.
МТСП тврди дека со реформите пристапот до детскиот и образовниот додаток се зголемува за 20 пати. Од идната година, велат од Министерството, детскиот додаток место досегашните 3 200 деца ќе го користат 73 500 деца, а место образовниот наместо 3 800 деца, 64 316 деца. Исто така, според проценките на МТСП, типично четиричлено семејство место досегашните 3 000 денари социјална помош ќе зема гарантиран минимален приход од над 10 000 денари, односно секое домаќинство ќе добива паричен надомест според социјалниот ризик во којшто се наоѓа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.

