Македонија
Стоилковски: Македонија падна на листата на „Форбс“ за водење бизнис

Македонија од 31 место на „Форбс“ во 2014 година, падна на 68-то место на држави за водење бизнис, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на прес-конференција.
„Најмногу забелешки „Форбс“ има за владеењето на правото и нееднаквото спроведување на законите“, рече Стоилковски и додаде дека оценката на „Форбс“ е потврда на сите стравувања и укажувања од опозицијата.
Тој го осуди и покачувањето на платите на вицепремиерите за 8.000 денари месечно, а истовремено укажа и дека на сила се турка закон со кој секое јавно претпријатие во земјата треба да добие заменици директори.
„Се поставува прашањето колку може да отсуствуваат директорите, за да мора да бидат назначени нивни заменици, функционери со свои кабинети, секретарки, советници, шофери и секако можност за апанажа“, праша Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Јакимовски: Мицкоски сака да им продаде мачка во вреќа на карпошани

Во последните денови сме сведоци на уште еден обид на ВМРО-ДПМНЕ, да им продаде на граѓаните на Карпош, мачка во вреќа, вели актуелниот градоначалник и кандидат за претстојните локални избори Стевчо Јакимовски.
„Наместо вистински соочувања и дебати со граѓаните, нивниот кандидат добил строга забрана да зборува. Не смее да се појави на трибини, не смее да одговара на прашања, не смее да зборува без дозвола.
Наместо идеи – снима клипчиња со проекти кои јас одамна ги имам реализирано. Наместо визија – повторување на туѓи ветувања.
Ова не е фер кон граѓаните на Карпош, кои заслужуваат чесна, отворена и аргументирана кампања.
Карпош не е публика за туѓи сценарија и празни ветувања. Граѓаните сакаат луѓе што знаат што направиле, кога направиле и за кого работат. Јас не ветувам, јас покажувам. Сè што сум кажал – сум реализирал“, вели Јакимовски.
Според него, другите треба да објаснат зошто кријат, кого претставуваат, и зошто се плашат од граѓаните.
Како што истакнува, Карпош не заслужува експерименти и неуспешни приправници во политика.
„Карпош заслужува луѓе со резултати, искуство и почит кон граѓаните.
Македонија
„Криминалот на СДС со нивната омилена компанија Марковски излезе на површина“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Она што како партија изминативе години говоревме дека СДС местеше тендери со нивната омилена компанија Марковски, излезе на површина. Финансиската полиција по сомнение за местење на тендер, соодветно постапила и уапсен е Борче Марковски, човекот што ја води компанијата Марковски, кој е осомничен за испумпување на околу 100 милиони денари од Буџетот на државата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Инаку, за тоа колку била омилена компанијата Марковски, на СДС и ДУИ, говори фактот што за 2 години, добиле 200 милиони евра од државата.
ВМРО-ДПМНЕ многу пати говореше за сомнежи во работата на Владата на СДС и ДУИ, во однос на компанијата Марковски, но надлежните институции, спиеја на тоа уво.
Полека но сигурно, правдата и одговорноста доаѓа. Никој нема да биде заштитен, без разлика на неговата партиска, политичка, верска или етничка припадност“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
(Фото) Реализирано првото гаѓање со новата артилериска опрема ,,Боран’’ на АП Криволак

Денеска министерот за одбрана, Владо Мисајловски присуствуваше на армискиот полигон „Криволак“ каде беше извршено првото артилериското гаѓање со новите системи „Боран“, кои се дел од процесот на модернизацијата и опремување на македонската Армија, а беше презентирана и новата набавка на воено-теренска униформа за армиските припадници.
На активноста на која што присуствуваа и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал мајор Сашко Лафчиски, амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој и останати високи претставници од Армијата и министерството, министерот Мисајловски истакна дека денешното прво гаѓање и ставање во употреба на овие артилериски орудија значи и зајакнување на борбената готовност на Армијата.
Министерот Мисајловски во рамки на денешната активност дополнително информираше: „набавени се околу 4.000 комплети за воено-теренска униформа, од заедничкиот билатерален договор што го имаме потпишано со Турција, кој преку 2,5 милиони долари директно ќе бидат дадени за Министерството за одбрана, односно директно за Армијата“. Тој уште еднаш упати благодарност за поддршката на сојузничката поддршка од Турција и нагласи дека во тек се и други набавки кои се дел од Договорот за воено-финансиска соработка со Турција.
Хаубиците „Боран 105 мм“ се дел од декларираната батерија на Артилерискиот баталјон која е составен дел од Лесната пешадиска баталјонска група. Набавката на ова средство со кое се исполнува НАТО целта за опрема и муниција за индиректна огнена поддршка, претставува важен чекор во реализацијата на исполнувањето на обврските од пакетот на НАТО цели на способности утврдени во 2021 година и потврдени со новиот пакет за 2025 година.